Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Македонија гради гасен интерконектор со Грција и почнува изградба на гасен интерконектор со Србија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Македонија гради гасен интерконектор со Грција и почнува изградба на гасен интерконектор со Србија
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонија гради гасен интерконектор со Грција и почнува изградба на гасен интерконектор со Србија

Објавено January 24, 2026 11:45
Сподели
Сподели

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и природен гас. Гради гасен интерконектор со Грција и почнува со изградба на гасен интерконектор за поврзување со Србија, информирал премиерот Христијан Мицкоски на вчерашниот панел во рамки на светскиот економски форум во Давос.

Мицкоски, како што објави на својот фејсбук профил, зборувал и за изградбата на трите големи брани – стратешки проекти вредни две милијарди евра, кои, според него, освен што ќе овозможат производство на електрична енергија, ќе создадат и три значајни резервоари со чиста вода за пиење.

– На вчерашниот пладневен панел посветен на економија и инвестиции во Давос зборував за стратешките чекори што ги преземаме како држава во однос на вештачката интелигенција, енергетиката и долгорочниот развој на државата. Во однос на вештачката интелигенција, ги зајакнуваме нашите преносни линии за електрична енергија, но не само тоа паралелно ги зајакнуваме и преносните линии за природен гас. Во тој контекст, градиме гасен интерконектор со Грција, а почнуваме и со изградба на гасен интерконектор што ќе ја поврзе државата со Србија. Ова се стратешки проекти од суштинско значење не само за нашата држава, туку и за целиот регион, наведува Мицкоски според кој, со поврзувањето, земјава ќе го зголеми капацитетот за гас до 8 милијарди метри кубни годишно.

Во врска со браните, напоменува дека потребата од обезбедување резерви на чиста вода за пиење ќе биде се поголема.

– Имајќи ги предвид климатските промени, регионот ќе има сè поголема потреба од вакви резерви, кои ќе обезбедат долгорочна водна безбедност и стабилно снабдување со чиста вода, се вели во објавата на Мицкоски на Фејсбук.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија PSA: Визуелни и перформансни подобрувања во новото ажурирање на Rocket League за Switch 2
Следна Статија Колона | Трамп доминираше во Давос. Но ѕвездата беше Карни.

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ДЗР: Дури 67 отсто од градинките во Македонија работат со преоптоварени капацитети

Пополнетиот капацитет за згрижување на деца од предучилишна возраст го надминува расположливиот капацитет, така што 67 отсто од градинките во…

April 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Партнерството со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно

На денешниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Христијан Мицкоски ја претстави новата стратешка рамка на партијата – Стратегија Македонија 2030, придружена…

December 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Четврток е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Во четврток, 28 август, православните верници ќе го одбележат големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, во народот познат како…

August 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денес пеколно топло со температури од 43 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер…

July 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?