Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Минималната плата се зголемува, повисоки примања од април
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Минималната плата се зголемува, повисоки примања од април
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Минималната плата се зголемува, повисоки примања од април

Објавено March 2, 2026 12:41
Сподели
Сподели

Откако сме како Влада избрани до сега, ги имаме регулирано односите со нашите колеги во најголем дел. Кога ќе кажам во најголем дел, тоа е 95 па и повеќе проценти, преку Колективни договори кои што имаат краен рок на реализирање до 2028 година, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната седница на Економски социјалниот совет.

Премиерот Мицкоски посочи дека за разлика од претходно, оваа Влада се однесува одговорно и презема обврски за реализирање само до мандатот до 2028 година.

Се однесуваме одговорно. Одговорно во рамките на мандатот кој што сме го добиле од граѓаните, не преземаме обврски како тоа што било случај во минатото за периодот после 2028 година, односно после мандатот на оваа влада. Едноставно сакаме да сме одговорна влада. За жал, влада која што ќе мора да ги реши сите оние напластени проблеми кои што се наследени од минатото, поради нестручното, несовесното и лошото менаџирање, прво со владините ресурси, а потоа и со креирање на политиките на државно ниво, рече тој.

Мицкоски додаде дека изминатиот период е постигнат договор со синдикатите УПОЗ и САДУ за повисоки плати на административците, посочувајќи дека во тој договор влегле и други синдикални организации кои што не биле дел од првичните преговори.

Што се однесува до останатите параметри, нашиот став е јасен за јавноста и тука немаме никаква дилема. Последното кое што требаше да го затвориме како би рекол условно кажано отворено прашање, тоа беше договорот кој го потпишавме со синдикатите УПОЗ и САДУ и тоа го завршивме. Таму беа додадени и други синдикати кои што првично не беа дел од преговорите, но сакавме да имаме што е можно поголем опфат, и со тоа ние го затворивме и тоа отворено прашање, кое што некако лебдеше и на дел од седниците на Економско социјалниот совет, кажа Мицкоски.

Претседателот на Владата Мицкоски информираше дека на денешната седница е информација за висината на минималната плата која ќе биде во 2026 година согласно закон, укажувајќи дека очекува да помине оваа информација утре на владина седница.

Денеска на дневен ред е информација за висината на минималната плата, која ќе биде во 2026 година согласно закон. Очекувам дека на следната владина седница да го поминеме и како Влада и потоа нормално согласно висината на минималната плата од април за март да почне истата да се исплатува, истакна Мицкоски и додаде дека очекува бипартитниот дијалог меѓу работодавците и работниците да продолжи во иднина да се интензивира.

Очекуваме да продолжи и да се интензивира бипартитниот дијалог помеѓу работодавачите и работниците. Ние како влада секогаш стоиме на располагање да помогнеме во рамките на нашите можности и ингеренции. Се што е во рамките на институциите, институционален дијалог треба да се охрабри, затоа што само така може да се дојде до конструктивно решение. Вонинституционални механизми секогаш постојат, демократска држава е Македонија, но ценам дека искуство вели дека се што е во рамки на институциите носи решение. А се што е надвор од рамките на институциите, мислам дека не само што не носи решенија, туку апсолутно ги поларизира нештата, дециден е Мицкоски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Google teases ‘amazing things’ in Android 17 – 9to5Google
Следна Статија Над 400 македонски граѓани побарале информации за евакуација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Дурмиши: Ако има зголемување на цените ќе има ригорозни мерки за трговците

Денеска министерот за економија Бесар Дурмиши изјави дека „есенската кошничка има ефект, цените на производите се намалени за пет до…

October 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

IBM близу до договор за купување на Confluent во вредност од 11 милијарди долари

Меѓународната корпорација за бизнис машини (IBM) е во напредни преговори за преземање на фирмата за инфраструктура на податоци Confluent за…

December 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Митреска: Очекуваме понатамошно намалување на инфлацијата следната година

Инфлациските очекувања се поволни, a притисоците од глобалните цени на храната и енергентите се намалија, со што за наредната година…

November 22, 2024
ЕКОНОМИЈА

Фајнанс тинк: Јавната потрошувачка и трговијата – главни двигатели на растот во третиот квартал

Во третиот квартал од 2024, БДП се зголеми за 3% на годишна основа, продолжувајќи го забрзувањето кое отпочна претходно. Тоа…

December 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?