Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Мотивите на владите на ДУИ и СДСМ беа попустливост кон Бугарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Мотивите на владите на ДУИ и СДСМ беа попустливост кон Бугарија
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Мотивите на владите на ДУИ и СДСМ беа попустливост кон Бугарија

Објавено June 12, 2025 21:50
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за вестите на Алсат Телевизија говорејќи за членството во ЕУ и проблемот со Бугарија, истакна дека мотивите на владите на СДСМ и ДУИ биле попустливост кон Бугарија, прифаќајќи се што ќе им се понуди, со цел попустливост за криминалите, додека за разлика, мотивот на оваа влада е членство во ЕУ со зачувано достоинство.

„Многу јасна е работата, претходната влада влегла во оваа авантура мислејќи дека се што ќе им биде поставено на маса ако го потпишат, ќе добијат поддршка од надвор за да останат во владата. И тоа бил мотивот на Маричиќ, на Ковачевски, Османи, Пендаровски итн. Прашањето беше дали ќе останат на власт и ќе продолжат со криминалот со кој владееја или нема да останат на власт и ќе бидат опозиција каде што се сега.“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот во однос на мотивите на официјална Софија, посочи дека тие се децениски историски, а тоа е да се создаде нов вештачки македонски идентитет, нов вештачки македонски јазик коишто почиваат на бугарски корени.

„Нашиот мотив е сосема поинаков. Македонија, нашата заедничка на Македонците, Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, Бошњаците, на сите граѓани во Европската Унија по достоинствен пат. Тоа е разликата помеѓу нас и нив.“, нагласи премиерот Мицкоски.

Во врска со изјавите на бугарскиот министер за надворешни работи, премиерот Мицкоски потсети дека истиот тој министер за надворешни работи пред неколку месеци изјави дека ова е само почеток и дека во текот на преговорите има уште многу работи кои ќе треба да се дорешат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Киднапирана девојка во Струга, утрово се појавила во скопска болница
Следна Статија Кои авио компании го користат моделот на Боинг што се урна во Индија?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Mицкоски за Изборниот законик: Дијаспората мора да се чуствува поврзана со својата татковина

СДСМ во коалиција со Левица поднесоа 13 илјади амандмани со цел да го спречат гласањето на нашинците во дијаспората, плашејќи…

July 2, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митингот во Центар, во рамки на кампањата за локалните избори на 19 октомври, која…

October 10, 2025
ПОЛИТИКА

Шукова: Имаме јасен остварлив план за чисто Скопје, ќе го исчистиме градот во првите три месеци

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, заедно со заменик-претседателката на партијата Фани Каранфилова Пановска, кандидатот за…

August 15, 2025
ПОЛИТИКА

Врховниот суд најверојатно ќе дозволи Лиса Кук да остане во Федералниот одбор

Таква одлука би спречила Трамп да врши поголемо влијание врз моќната централна банка додека тече судската постапка.

January 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?