Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски му одговори на Филипче: За декласифицирање на прислушуваните материјали не одлучувам јас
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски му одговори на Филипче: За декласифицирање на прислушуваните материјали не одлучувам јас
ПОЛИТИКА

Мицкоски му одговори на Филипче: За декласифицирање на прислушуваните материјали не одлучувам јас

Објавено September 12, 2025 18:58
Сподели
Сподели

И Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност доставија до Јавното обвинителство тоа што имаа да достават. Да почекаме Обвинителството да се произнесе, и да видиме како ќе биде понатаму. Јас не сум тој што којшто дозволува да се калсифицира или да не се класифицира, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на поратеничко прашање на лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче. Мицкоски додаде дека претпоставува дека Јавниот обвинител ќе се однесува во интерес на правдата и на вистината.

Филипче го праша Мицкоски зошто не дозволува декласификација на материјалите од прислушкувањето кога бил лидер на опозицијата, со заштита на идентитетот за да се види дали имало или немало злоупотреба на Агенцијата за национална безбедност и дали треба некој да одговара.

– Се мислам дали да одговорам на еден или на друг начин, но во суштина ќе ви кажам дека повторно некој ве носи во длабоко. Не знам зошто го дозволувате ова во континуитет, сепак сте претседател на сеуште најголемата опозициска партија и не ми е се уште јасно зошто дозволувате континуирано некој во далбоко да ве носи. Што мислите вие дека јас ќе излезам овдека од егзибиционистички причини и ќе кажам дека некој тоа го правел па за да добијам внимание, да дефокусирам тема, или, еве ќе видите со тек на време ќе видите, рече Мицкоски од собраниската говорница на седницата за опозициски прашања.

И Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност доставија до Јавното обвинителство тоа што имаа да достават. Да почекаме Обвинителството да се произнесе, и да видиме како ќе

Ако Обивнителството си ја врши работата како што треба да ја заврши, потенцира премиерот, ќе видите како биле следени и кој бил следен во двете служби, кој ги пишува оние писма до медиумите, зошто ги пишува тие писма до медиумите, кои се мотивите за сето тоа…

– Јас не сум тој којшто дозволува да се калсифицира или да не се класифицира господине Филипче. Има други институции коишто тоа го прават, не јас. Јас само го коментирам тоа што го кажуваат во јавност. И нормално е како претседател на Владата да добивам извештаи од страна на тие институции, нормално е од безбедносните агенции, и нормално е да знам што пишува внатре, бидејќи сум носител на сертификат за највисока државна тајна, рече Мицкоски.

Според премиерот, тоа што се случувало не е од сега, туку во континуитет години наназад, и во едната и во другата служба имало луѓе кои се занимавале со полицијата.

– Некои други пак креирале вештачки белешки за некои луѓе да завршуваат во притвори, невистинити белешки, итн. вие ги праќате тие луѓе по светот да бидат аташеа итн. Јас нема да навлегувам во деталите. Претпоставувам Обвинистелството, но ист обвинителот којшто вие не дозволивте овдека да биде сменет, бидејќи изгласан од мнозинството на ДУИ и СДСМ, претпоставувам ќе се однесува јавнообвинителски во интерес на правдата, во интерес на вистината и ќе дозволи декласификација или пак незнам што веќе таму по правните правила е на ред да го направи тоа и да излезе, кажа Мицкоски.

Во одговорот до Филипче, Мицкоски вели дека најмал проблем е тоа што тој бил покриван и физички, и како било, туку дека и членови на Владата на СДСМ „биле покривани, новинари, бизнисмени“, прашувајќи дали тогашниот премиер, кој сега е пратеник, бил информиран дека тоа е правено.

– Тоа е суштината, но тоа е периодот кога тој бил премиер. Пред него друг бил премиер и не знам дури дали тој знаел дека тоа било. Оставете ме мене јас сум ви бил политички противник, решил некој таму да се заигра малку повеќе, во ред разбирам, нема проблем. Во самата ваша Влада имало луѓе што биле покривани. Тоа е поголемиот проблем за мене. Затоа ви велам повторно ве носат во длабоко. Оставете ја таа работа. Дајте да зборуваме за други теми, рече Мицкоски.

Премиерот од собраниската говорница рече дека не можат да се најдат прислушкуваните материјали за обвинители и судии од Основниот суд Скопје, скандал за кој соопштил министерот за внатрешни работи на почетокот на мандатот на Владата на СДСМ.

– Мандатот како Влада го почнавте со скандал за прислушување. Тогашниот министер за внатрешни работи излезе со скандал за прислушување, односно биле прислушувани обвинители и судии во Основниот суд Скопје. Никој ништо не знае каде се тие материјали. 15 месеци се трудиме да ги пронајдеме, ги нема. Повторно еден ден некој ќе се заигра, како што се заигруваше еден претходен претседател на СДСМ, и ги објавуваше во јавност приватните разговори, рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека политичарите оставаат лош пример кај граѓаните и побара да се зборува за теми што се добри за граѓаните, а не за ситни политички поени. – Да оставиме Обвинителството да го реши овој случај, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По четири мандати како градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Жика Стојановски сега е кандидат на СДСМ
Следна Статија Aзески: Цените не можеме да ги ограничуваме со сила, тоа треба да го покаже пазарот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Хајредини: Наместо заедно со ВЛЕН да се борите против криминалот и корупцијата, вие од АЛИЈАНСАТА сакате да ги спасите Али Ахмети и Јахоски!

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, предизвика бројни реакции со својата објава на социјалните мрежи. Во неодамнешна објава на социјалните…

April 24, 2025
ПОЛИТИКА

Oфицијално: Изет Меџити ќе трча за Чаир

Попладнево од Влен соопштија повеќе имиња за нивните кандидати за градоначалници. Актуелниот министер за животна средина и просторно планирање Изет…

August 1, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски до Спасовски: Го прашавте ли вашиот заменик министер од каде му се парите за ноќевање за 3000 евра во луксузни хотели

Вие како пратеник господине Спасовски можете овде сè да кажете. Но, вистината е следна, Теолошки факултет со 240 кредити по…

October 31, 2024
ПОЛИТИКА

Меџити: ДУИ прво мене ми понудија да ја растурам „Влен“, ми кажаа дека Ахмети ќе се пензионира

Гласачите гласаа за промена на централно ниво и убеден сум дека сакаат промени и на локално ниво, ќе бидеме фаворити…

April 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?