Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски: Во градот Скопје имаме сериозно стабилно советничко мнозинство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ѓорѓиевски: Во градот Скопје имаме сериозно стабилно советничко мнозинство
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Во градот Скопје имаме сериозно стабилно советничко мнозинство

Објавено October 22, 2025 13:30
Сподели
Сподели

Кандидатот за градоаначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски кој оди во вториот круг денеска се сретна со советничкото мнозинство во Советот на Градот предводено од носителот Даме Димитровски.

-Во градот Скопје имаме сериозно стабилно советничко мнозинство. Одржавме конструктивна, координативна средба.  Најнапред, сакам искрено да им се заблагодарам на сите граѓани за големата поддршка што ја дадоа за мене и за советничката листа за Град Скопје. Вашата доверба е поттик и обврска да работиме уште посилно и поодговорно.На средбата разговаравме за првите наши чекори по преземањето на функцијата градоначалник, како и за најгорливите прашања што ќе бидат наш сериозен фокус до крајот на годината. Првиот ребаланс на буџетот ќе биде насочен кон враќање на функционалноста на градот, кон капитални инвестиции, подобра инфраструктура, чиста животна средина и поддршка на јавните претпријатија кои се во сериозен колапс, вели Ѓорѓиевски.

Истакнува дека на Скопје и на неговите граѓани им е потребна стабилност и систематско решение на наталожените проблеми, а не експерименти, туку план, одговорност и работа.

Советот ќе биде двигател на тие промени, насочен кон интересот на граѓаните.

– Ние сме силен синџир и секоја алка е важна, секоја алка активна во мисијата за подобро Скопје. Вратата за соработка со сите советници останува отворена, затоа што веруваме дека вистинскиот напредок се постигнува само со обединета енергија и искрена посветеност. Мнозинството ќе биде водено од принципи, работа и одговорност. Секој советник ќе има свое место и улога во напредокот на градот. Верувам дека во наредните четири години, со заеднички ангажман, визија и труд, ќе го направиме Скопје повторно достоинствен град на кој сите ќе се гордееме. Со среќа на сите советници! Ова се сериозни, посветени и докажани луѓе во својата професија и верувам во искрена и плодна соработка која ќе донесе резултати за сите скопјани. Ве повикувам за уште поголема поддршка за вториот круг, да се фатиме за работа уште од првиот ден и Скопје да почне конечно да функционира.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судската забрана на штрајкот на ССКЛ е законска, вели адвокатот на М-НАВ
Следна Статија Мицкоски: Американско-британската компанија Бурсток ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Лефков: СДС преку Еразмус + ја финансирале и сопругата на Апасиев, пред камери противници, зад камери соработници

СДС преку Еразмус + ја финансирале и сопругата на Апасиев, пред камери противници, зад камери соработници. Додека јавно глуми противник…

August 26, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче ја кроел судбината на ,,Жан Митрев“, заедно со Заев ветувале влијание врз судски постапки, обвинија од ВМРО ДПМНЕ

„Дали СДС воопшто делувала како политичка партија во седумте години власт или само како мрежа на поединци, кои ги користеле…

January 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје

Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!, порача…

February 5, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: Живеачката станува неподнослива

 По една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНAM и ВЛЕН, Македонија не изгледа како просперитетна држава со јасна насока, туку…

June 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?