Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лабудовиќ: Со зелени поени, селекција на отпад и еко-часови, создаваме општина што дише, расте и живее во хармонија со природата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Лабудовиќ: Со зелени поени, селекција на отпад и еко-часови, создаваме општина што дише, расте и живее во хармонија со природата
ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: Со зелени поени, селекција на отпад и еко-часови, создаваме општина што дише, расте и живее во хармонија со природата

Објавено October 12, 2025 10:55
Сподели
Сподели

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, ја најави една од најиновативните и најхрабри еколошки иницијативи во Македонија – воведување на Зелен буџет, посебна ставка во буџетот на општината која ќе ја наградува одговорноста на граѓаните и ќе ја претвори еколошката свест во реална вредност.

„Нашата цел е јасна – Центар ќе биде првата општина со Зелен буџет. Секој што ќе врати шише или лименка ќе добие зелени поени што ќе може да ги искористи за купување, паркинг или превоз. Создаваме систем во кој одговорноста не само што се вреднува – туку се наградува“ изјави Лабудовиќ.

Со овој концепт, граѓаните што ќе ги користат ПВМ-апаратите за рециклирање ќе добиваат зелени поени што ќе може да ги заменат за практични придобивки во секојдневниот живот – купување во поголемите маркети, плаќање јавен превоз, паркинг, па дури и донации за хуманитарни цели како СОС Детско село.

Оваа мерка, веќе успешна во неколку европски градови, претставува паметен и одржлив модел што ја поврзува екологијата со економијата и секој граѓанин директно ја вклучува во процесот на промена.

„Зелениот буџет не е само ставка во финансискиот план на општината – тоа е филозофија на живеење. Тоа е доказ дека грижата за природата може да се награди, дека секој од нас може да придонесе, и дека малите навики создаваат големи резултати“ додаде Лабудовиќ.

Во рамките на оваа зелена програма, Центар ќе воспостави и нов модел на селекција на отпад, преку соработка со колективни постапувачи, со што ќе се овозможи поефикасно собирање и рециклирање на пластика, електронски отпад, батерии и други материјали. Овој систем ќе ја намали количината на отпад што завршува во депонии, ќе ги намали трошоците на јавните претпријатија и ќе донесе дополнителни приходи за општината преку договори со рециклажните компании.

Посебен акцент се става и на редот и контролата во јавниот простор.

Ќе се формира новa редарска служба задолжена за надзор на парковите, контејнерите, игралиштата и јавните површини. Таа ќе има задача да спроведува редовни контроли, да изрекува казни за несовесни граѓани и да реагира навремено во случаи на нарушување на јавната хигиена. На критичните локации ќе биде поставен видеонадзор, како превентивна мерка против нелегално истурање отпад и уништување на урбаната опрема.

„Чистиот град не се гради со казни, туку со ред, навика и почит. Но мора да има одговорност, мора да има ред, и мора да се воспостави систем што ќе го чува она што сите заедно го создаваме“ потенцираше Лабудовиќ.

Еден од највредните сегменти на оваа програма е образованието на најмладите.

Во сите основни училишта во Центар ќе се воведат четири задолжителни еко-часа годишно, каде учениците ќе учат за отпадот, рециклирањето, загадувањето и значењето на одговорното однесување кон природата. Овие часови ќе помогнат да се изградат нови генерации граѓани кои уште од најрана возраст ќе знаат дека чистата средина е заедничка одговорност.

„И најважно – ја градиме свеста таму каде што започнува секоја промена: кај децата. Секое дете во Центар ќе има еко-часови за отпад, рециклирање и љубов кон природата. Тоа е најдолгорочната инвестиција – создавање генерации што ќе ја сакаат и ќе ја чуваат својата средина“ изјави Лабудовиќ.

Со воведувањето на зелениот буџет, системот за селекција, редарската служба и еко-образованието, Центар се позиционира како прва вистински одржлива и еколошки ориентирана општина во Македонија.

Ова не се само мерки – ова е визија за општина што ќе живее по нови зелени правила.

Центар ќе биде пример дека вистинската промена почнува со еден избор, со едно шише, со едно дете што ќе научи дека немаме резервна планета. Ова е нашата заложба – за Центар што дише, расте и живее во зелено“ порача Лабудовиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Герасимовски: Заедно со граѓаните ја водиме општината, партиските интереси се на страна
Следна Статија Организирана македонско-бугарска банда кримчарела луксузни автомобили во земјава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Пендаровски негира дека ќе формира политичка партија

Поранешниот претседател Стево Пендаровски ги отфрли информациите дека се подготвува за формирање нов политички субјект, тврдеејќи дека станува збор за…

April 6, 2026
ПОЛИТИКА

Лефков: За седум години власт на СДС немало ниту едно кривично дело кое што се однесувало на загадувањето на животната средина

На вечерашното гостување на Канал 5, во емисијата „Само Вистина” присуствуваше пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Миле Лефков и се зборуваше…

November 12, 2024
ПОЛИТИКА

Филипче ќе повика на лидерска средба по трагедијата во Кочани

Лидерот на СДСМ Венко Филипче најави дека идната недела во Собранието ќе повика средба на лидерите на најголемите политички партии…

March 28, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Ветуваа скандинавски стандард, а денес храната стана луксуз

Што имаме ние од скандинавската среќа што премиерот Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ сакаат да ни ја прикажат и да не…

October 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?