Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Организирана македонско-бугарска банда кримчарела луксузни автомобили во земјава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Организирана македонско-бугарска банда кримчарела луксузни автомобили во земјава
ХРОНИКА

Организирана македонско-бугарска банда кримчарела луксузни автомобили во земјава

Објавено October 12, 2025 10:57
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица за кривични дела – Криумчарење и Фалсификување исправи. Станува збор за осомничени кои се дел од претходно разоткриената шема на дејствија за криумчарење луксузни автомобили од странство преку фалсификување службени и други исправи. Дел од учесниците во оваа шема се претходно обвинети, против дел се веќе изречени пресуди, а за дел кривичниот прогон е препуштен на Република Бугарија, бидејќи станува збор за тамошни државјани.

Со акцијата реализирана вчера под координација на јавен обвинител, се обезбедија докази кои даваат основано сомнение дека првиот новоосомничен, во март 2022 година, преку граничниот премин Деве Баир, поттикнал и организирал криумчарење на автомобил Тојота ЦХР, вреден 22.500 евра, кој бил предмет на меѓународна потрага. Притоа искористил лажни таблички и лажни исправи кои му биле изготвени од лице кое сега е веќе осудено, па го регистрирал и извадил сообраќајна дозвола за возилото.

Втората осомничена, во август 2021 година поттикнала двајца бугарски државјани да извршат криумчарење на Лексус НХ300Х, вреден 15.000 евра кој исто така бил предмет на меѓународна потрага. Автомобилот го презела осомничената со фиктивен договор за купопродажба, а потоа со лажни бугарски таблички и лажни исправи извадил сообраќајна дозвола во земјава.

Третиот осомничен е управител на правно лице, кој за потребите на фирмата, на сличен начин, избегнувајќи ја царинската контрола, во државава од Бугарија внел автомобил Ланд Ровер – Рејнџ Ровер Евок, вреден 17.340 евра, со преправен број на шасија, а потоа со целосно лажни документи извадил сообраќајна дозвола за возилото.

Под сомненија за кривично дело – Фалсификување службена исправа постапка е поведена и против две службени лица кои во времето на извршување на дејствијата биле вработени во управните служби на МВР и за кои постојат сомненија дека ги изготвиле и ги издале сообраќајните дозволи.

За тројцата осомничени за криумчарење надлежниот јавен обвинител до судот поднесе предлог за определување мерка притвор. За едниот од нив кој во моментов е надвор од државата, ќе биде предложена притворска мерка која ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лабудовиќ: Со зелени поени, селекција на отпад и еко-часови, создаваме општина што дише, расте и живее во хармонија со природата
Следна Статија Сиљановска-Давкова побара помош од дијаспората да се спречи егзодусот од Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Вработен во Финансиска полиција осомничен во случајот „Државна лотарија“

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, за МИА потврди дека има лице од институцијата поврзано со случајот „Државна…

December 26, 2024
ХРОНИКА

Палевски: Не сум монструм, ниту убиец

Во Основниот кривичен суд во Скопје почна сведочењето на Љупчо Палевски, првообинет за убиствата на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД

„Како претседател на Владата, секогаш еден од моите врвни приоритети била безбедноста на државата, за чување на мирот, стабилноста на…

August 15, 2025
ХРОНИКА

(Видео) Со „ауди“ се движеше по велосипедска патека во скопски Бутел: полицијата го пронајде и казни возачот

МВР соопшти дека го пронашле и го казниле возачот кој со автомобил се движеше по велосипедска патека во скопската населба…

April 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?