Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Џабе му се на Мицкоски лажните анкети на Маркет вижн платени 400.000 евра пари на граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Џабе му се на Мицкоски лажните анкети на Маркет вижн платени 400.000 евра пари на граѓаните
ПОЛИТИКА

СДСМ: Џабе му се на Мицкоски лажните анкети на Маркет вижн платени 400.000 евра пари на граѓаните

Објавено July 12, 2025 11:30
Сподели
Сподели

Очигледен е очајот на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, штом повторно се потпираат на лажни анкети, фабрикувани во нивната партиска лабораторија. Мицкоски, по примерот на неговиот ментор Никола Груевски, троши 400.000 евра народни пари за платени анкети и измислени рејтинзи, надевајќи се дека со лажна слика ќе ја прикрие реалноста.

Наместо силна реакција за справување со пожарите, наместо вистинска грижа за настраданите од несреќата во Кочани, наместо борба со криминалот во Чаир, ВМРО-ДПМНЕ во својот очај сервира политички спин и пропаганда.

Анкетата на „Маркет вижн“ е дел од кампањата со која Мицкоски се обидува да ја прикрие неспособноста и отсуството на било каква визија. Имено, Маркет вижн во март 2025 година склучила договор со Владата на рекордна сума од 400.000 евра за да прави анкети и го мери мислењето и задоволството на граѓаните од работата на Владата. Зар некој треба да верува во овие анкети кои служат единствено за да се манипулира јавноста и се во функција на пропагандата на ДПМНЕ.

Замислете, оваа е таа агенција која склучи договор со Владата по само три дена од несреќата во Кочани каде што починаа 63 млади животи, а над 200 беа повредени. Ова е доказ за нивниот морбиден политички карактер, кој дури и трагедиите ги користи како можност за бизнис и пропаганда, срамно.

Колку и да се трудат да создадат лажна слика за поддршка, вистината е очигледна: граѓаните секојдневно гледаат хаос, неработење, скандали, неспособност, расипништво, криминал и корупција во врвот на Владата. Додека народот се справува со пожари, инфлација, ниски плати, нефункционални институции и секојдневни убиства по улиците, Мицкоски се занимава со нарачани анкети и политичка самореклама.

СДСМ останува на страната на граѓаните. Ќе продолжиме да се бориме против манипулациите и лажните наративи и ќе ги разобличуваме сите обиди за дефокусирање од реалните проблеми.

Граѓаните заслужуваат одговорна власт, вистина, а не евтини трикови и прескапи анкети. Вистинските анкети ќе се видат на локалните избори, кога незадоволството на народот ќе се претвори во јасна порака против оваа неспособна и расипничка власт, се вели во соопштението на СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фидановски: Иселувањето, не наталитетот, ја празни Македонија
Следна Статија Кои земји ќе бидат најпогодени од американските царини?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на изборите, затоа во втор круг со голема масовност да ја заокружиме бројката од 59 градоначалници

Ви благодарам за поддршката во првиот круг. Нијанси фалеа за да се заврши работата уште во првиот круг, но ние…

October 25, 2025
ПОЛИТИКА

Да не остане „покус“ од Мијалков, Дрин Ахмети вози „Ролс Ројс“

Слободата на Сашо Мијалков не му ја донесе дедомраз, туку Артан Груби со дозвола на дедото од Зајаз. Така, Али…

January 16, 2025
ПОЛИТИКА

Чонески: Крушево добива нова спортска сала, велосипедски патеки и комплетно решение за дивата депонија

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Крушево, Нико Чонески, на вчерашниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот…

October 12, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе објави нови имиња на кандидати за градоначалници

Седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи денеска. Од партијата најавуваат дека по завршување на седницата, пред просториите…

June 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?