Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Наредната година ќе биде година на економски успеси и реално подобар животен стандард
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Наредната година ќе биде година на економски успеси и реално подобар животен стандард
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Наредната година ќе биде година на економски успеси и реално подобар животен стандард

Објавено September 8, 2025 12:23
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски во денешното обраќање по повод Денот на независноста се осврна и на економските показатели и на животниот стандард на граѓаните. Порача дека пред нас стојат големи предизвици, но и големи можности и дека државата веќе прави чекори напред.

Оцени дека во изминатата година ипол поправени се многу работи, се отвораат нови работни места, а економијата закрепнува.

Свесен сум дека многу луѓе живеат многу тешко и дека едвај врзуваат крај со крај во месецот и дека животот е многу скап. И како што секогаш посочувам – не постои магично стапче за решавање на проблемите. Би сакал да има, но ја кажувам реалноста дека сами се бориме за подобар живот. Но, работите се менуваат. Во оваа година ипол власт поправивме многу работи и ја поставивме основата и темелите за она што треба да биде поубав, подобар и побогат живот за секој еден човек. Потребни се трпение и упорност. Макроекономските показатели покажуваат дека економијата се буди и дека имаме тренд на раст. Но треба време бројките кои сега ги гледаме во статистичките извештаи, а се исклучително позитивни, да вродат и со реално подобрување на животниот стандард и народот многу брзо од сега да почувствува повеќе пари, рече Мицкоски.

Посочи дека наредната година ќе биде година на економски успеси и реално подобар животен стандард. Само со здрава економија, рече Мицкоски, можеме да им понудиме на младите перспектива за побогат и достоинствен живот дома.

Само со побогати семејства можеме да ја охрабриме секоја мајка и секој татко да се радуваат на нов живот. Визијата е јасна – Македонија како земја каде што секое семејство живее подобро од вчера, и каде што иднината е посветла, постабилна и побогата. Тоа е заедничката цел кон која чекориме и во која веруваме, рече Мицкоски во обраќањето на централната свеченост по повод 34-годишнината од осамостојувањето.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стојанче Ангелов: Ние македонските бранители го одбранивме територијалниот интегритет и суверенитет на татковината
Следна Статија Ѓорческа со скок од 43 места на ВТА ранг-листата, на врвот нема промени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

(ФОТО) Отворен „Мега шопинг парк” во Гевгелија, регионален центар на шопинг туризам

Модерен трговски центар „Мега шопинг парк" на површина од над 20 илјади квадратни метри е пуштен  во употреба денеска во…

May 29, 2026

Добитни броеви за Powerball за понеделник, 29 декември 2025 година

Powerball jackpot за понеделечкото извлекување изнесува 33 милиони долари - помалку од недела по добивката од 1,8 милијарди долари на…

December 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Бугарија го ратификува договорот за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.

Бугарија го ратификува договорот со Македонија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави денеска вицепремиерот и министер…

February 14, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Очекувам над 85 % реализација на капиталните расходи годинава, ни претстои силен економски раст

Реализацијата на капиталните расходи оваа година ги проектираме на над 85 % за што сметаме дека ќе ја засили економијата…

January 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?