Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Нема никогаш да видите лице, ниту, пак, да слушнете и прочитате име на пациент кој сум го посетил, не го правам тоа за П.Р.
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Нема никогаш да видите лице, ниту, пак, да слушнете и прочитате име на пациент кој сум го посетил, не го правам тоа за П.Р.
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нема никогаш да видите лице, ниту, пак, да слушнете и прочитате име на пациент кој сум го посетил, не го правам тоа за П.Р.

Објавено March 18, 2025 12:43
Сподели
Сподели

И вчера и денеска посетив пациенти повредени во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани и ги запазив сите протоколи кои ми беа побарани од страна на медицинскиот персонал и докторите. Не го правам тоа заради П.Р., туку за да излезам пред медиумите и да зборувам отворено за се она со што се соочуваме во овие моменти, порача премиерот Христијан Мицкоски.

– И во текот на вчерашниот и во текот на денешниот ден нема никогаш да видите лице, ниту, пак, да слушнете и прочитате име на пациент кој сум го посетил. Има и такви кои влегуваа со камери и слично, но јас ни вечера ни денеска никаде не влегов со камера, ниту имам намера да правам П.Р. од сето ова. Има само фотографии во тил и никаде нема лице на ниту еден пациент. Мојата цел при овие посети е за да излезам пред вас, да не се кријам и да зборувам отворено за се она со кое се соочуваме и сето она кое го постапуваме, рече Мицкоски во одговор на прашање по денешната посета на повредените во ГОБ „8 Септември“ во Скопје.

Ако тоа е проблем, а не мислам дека сите ваши колеги мислат така, посочи, тогаш подготвен сум да сносам одговорност.

-Мојата задача како прв човек на македонската Влада е преку вас медиумите да се обратам до граѓаните со пораки и ценам дека во овој момент тие пораки се важни за граѓаните и тоа е мојата цел. Не е мојата цел да правам никаков П.Р., не мора ништо да објавувате од ова што го зборувам, не мора да објавувате ни една слика, ниту еден статус, им порача Мицкоски на медиумите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Објавена е нова снимка од уривањето на настрешницата во Нови Сад
Следна Статија Мајкино око, кој ќе гушнам место тебе: Младата инспекторка Моника Спасова, мајка на едногодишно девојче, меѓу жртвите во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ја разби тезата дека работи против Албанците: Даваме 25 милиони евра за универзитетот „Мајка Тереза“, се делат финансии за општини со мнозинско албанско население и редица други проекти

Премиерот Христијан Мицкоски на гостувањето во магазинот Клик плус на Телевизија 21 од присутните гости беше запрашан како ги коментира…

December 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

За двајца министри за економија се запира постапката за пожарот во Кочани

Постапката се запира за 11 физички лица поради немање доволно докази за пожарот во Кочани, а во понатамошниот дел може…

June 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

МОН: Студентските домови етапно се реконструираат

Загрижува односот на политичката партија СДСМ, која денес организираше прес конференција за да изрази загриженост дека реконструкцијата на двата студентски…

July 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Полицијата одзела документација и извршила разговори со вработени во депонијата Дрисла

Полицијата одзела документација од Јавното претпријатие „Депонија Дрисла“ и извршила разговори со вработените, откако во неа избувна пожар, од кој…

September 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?