Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Не ветуваме чуда, туку градиме систем базиран на правда, а не на партиски книшки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Не ветуваме чуда, туку градиме систем базиран на правда, а не на партиски книшки
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не ветуваме чуда, туку градиме систем базиран на правда, а не на партиски книшки

Објавено July 14, 2025 12:06
Сподели
Сподели

За една година со напорна работа, визија и домаќински пристап ја враќаме државата на нозе, дел по дел, институција по институција, систем по систем. Граѓаните го препознаваат новиот пристап. Знаат дека не ветуваме чуда, дека напорно работиме секој ден за да изградиме систем кој не зависи од партиски книшки, туку од правда, отчетност и еднаквост, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на настанот „Една година резултати“ во чии рамки Царинската управа дава отчетност за сработеното во изминатата една година.

Како што истакна Мицкоски, податоците многу зборуваат. 

-Наплатени се приходи од над две милијарди евра што е за 105 милиони евра повеќе од истиот период претходно. Тоа не е случајно, тоа е резултат на принципиелна работа, на раководење на институцијата без калкулации, на борба против криминал и корупција, како и на јасната политичка определба – парите да одат кај граѓаните, а не во нечии џебови. Знаеме што значат овие бројки што ги изнесе директорот на Управата – повеќе за пензии, плати, болници, патишта, школи,… Тие пари до вчера завршуваа во сивата економија, а денеска се враќаат кај народот, потенцира премиерот.

Напомена и дека до ОЈО и Обвинителството за организиран криминал се поднесени 181 кривична пријава што, рече, е 4,5 пати повеќе од годината претходно.

-Тоа е сигнал дека институциите работат, не затвораат очи и дејствуваат. Ова е доказ дека државата се буди, системот конечно проработува, ги градиме темелите на промените, подвлече Мицкоски.

На настанот насловен претходно резултатите од работењето ги соопшти директорот на Царинската управа Бобан Николовски, а се обрати и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Можно е лебот повторно да поскапи, предупредуваат мелничарите
Следна Статија Трагичен викенд: ТРИ лица се удавија во Грција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во петок ќе биде отворен привремениот граничен премин Стрезимир-Рестилица

Привремениот граничен премин Стрезимир – Рестилица, на македонско-косовската граница, во петок, на 25 јули, ќе биде отворен за минување за…

July 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Осми март го наполни Охрид со гости

Празничниот викенд го исполни Охрид со гости, пред се припаднички на понежниот пол од нашето соседство кои допатуваа за тука…

March 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на дводневна посета на Обединетото Кралство на Самитот за Западен Балкан-Берлински процес

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со владина делегација ќе присуствува на Самитот за Западен Балкан, кој оваа година се…

October 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уште еден продолжен викенд: Петок неработен ден за сите граѓани

Министерството социјална политика, демографија и млади соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98…

October 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?