Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Не очекувам поинаква реторика од источниот сосед, светот и Европа видоа која беше целта на бугарските политичари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Не очекувам поинаква реторика од источниот сосед, светот и Европа видоа која беше целта на бугарските политичари
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не очекувам поинаква реторика од источниот сосед, светот и Европа видоа која беше целта на бугарските политичари

Објавено July 12, 2025 14:37
Сподели
Сподели

Не очекувам од нашиот источен сосед и да испрати поинаква порака. Тие мора пред нашите европартнери и партнерите во НАТО да рефлектираат реторика со која ќе не обвинуваат нас, дека ние сме тие, а во суштина светот и Европа видоа која беше целта на бугарските политичари.

Вака денеска премиерот Христијан Мицкоски ги коментираше реакциите на официјална Софија по неговата изјава во врска со бугарскиот министер за надворешни работи.

Целта на бугарските политичари во ништо не се разликува од онаа цел што ја има руското раководство во Украина, а тоа е обид за асимилација на македонскиот народ и еден вид идентитетски инженеринг кој навистина најмалку треба да се случува во 21 век во Европа и тоа од земја членка на ЕУ која треба да споделува европски вредности. Наместо да и ја подадат раката на Македонија, наместо да не поддржуваат на патот кон полноправно членство во ЕУ што е и дел од Договорот за добрососедство, тие имаат поинаква цел и добро е што сите успеаја да видат. Добро е што сите сега веќе знаат која е крајната цел – дека не е неколку стотини македонски граѓани да бидат дел од Уставот, туку дека целта е многу подлабока и попасна и за Европа. На тој начин и ЕУ губи дел од својот имиџ и не знам до кога ќе има трпение со нашиот источен сосед, рече Мицкоски, по пуштањето во употреба на целосната санација на Музејот на вода во Заливот на Коските во Охрид.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Одобрено 24-часовно обезбедување на градоначалничката Арсовcка
Следна Статија Мицкоски: Музејот на вода 7 години бил целосно заборавен, а денес добива нов лик

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Граѓани се жалат: Во „Матично“ нема обрасци на македонски јазик, директорот демантира

Граѓани на Скопје се жалат дека не можат да добијат изводи на македонски јазик од матичната книга бидејќи формулари за…

November 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Крива Река затруена со олово, арсен и цијанид од рудникот „Тораница“

По инцидентот што се случи на 14 март, инспектор за животна средина на рудникот „Тораница“ направил увид на денот на…

March 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Подарените хеликоптери Ми-24 од Македонија првпат забележани во Украина

На телеграмскиот канал Voeni osvedomitelj (Voennyi Osvedomitel, воен свиркач), кој го следат над 620.000 корисници, се појавија фотографии од поранешните…

January 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гаши за случајот Груби: Тоа е работа на органите на редот

Меѓуетничките односи во нашата држава се кревки уште од независноста на нашата држава и секогаш треба да се има големо…

December 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?