Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Не сум изненаден што сум прислушкуван од АНБ, се надевам дека овие глодари ќе завршат позади рештки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Не сум изненаден што сум прислушкуван од АНБ, се надевам дека овие глодари ќе завршат позади рештки
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не сум изненаден што сум прислушкуван од АНБ, се надевам дека овие глодари ќе завршат позади рештки

Објавено September 1, 2025 19:38
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изјави дека Агенцијата за разузнавање и и Агенцијата за национална безбедност темелно се занимавале со него и со тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но и со новинари и со бизнисмени. Мицкоски во изјавата за медиумите не сакаше да зборува за детали бидејќи, како што рече, станува збор за класифицирани документи и оти очекува луѓето кои го прислушувале да се најдат зад решетки.

-Не би можел да зборувам за деталите бидејќи тоа е државна тајна, така е класифициран тој документ, документи, но едно е факт дека двете агенции и Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност темелно се занимавале со, во тоа време, најголемата опозициска партија, со мене. Меѓудругото и со новинари, бизнисмени, така што да оставиме периодов да тече, да оставиме обвинителството што ќе каже, судиите нормално, во еден судски процес. Јас сум навикнат веќе. Навикнат сум на таков тип на луѓе и не ме изненадува тоа бидејќи и тогаш стигнуваа до нас информации што се се случува. Едноставно, таков тип на луѓе, јас би ги нарекол полусвет немаат во животот доволно мотив да се занимаваат со убави работи, се занимаваат со туѓите животи. Мислат дека на тој начин ќе добијат некаква пофалба, некаква предност пред нивните наредбодавци и ќе напредуваат така во кариерата, рече Мицкоски.

Секоја работа, додде тој, има свој почеток и свој крај.

–Очекувам овие глодари да завршат онаму каде што им е местото, позади решетки, еднаш засекогаш да се ставио крај на злоупотребата на ваквиот тип на агенции и ресурсите со кои тие располагаат, рече премиерот.

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски изјави дека „таканаречената реформирана АНБ во 2019 година била се, но не била реформирана институција“.

– Повеќе било фасада од реформирана институција. Тоа што се случувало внатре било да една помала група составувајќи ја од еден поранешен директор и помала група вработени и тоа како имаме индиции дека ја злоупотребиле својата службена положба. За истото е известено надлежното јавно обвинителство и повеќе детали за ова не би можел да споделам, се со висока квалификација и се сензитивни, и не би сакале да нарушиме некој законски процес и воедно да попречиме процес кој е или би бил отпочнат од јавното обвинителство, рече Христовски.

Овој ден, како што кажа, повеќе го гледа како ден со кој раскрстуваме со минатото, ден со кој што даваме порака до сите што некогаш се дрзнале да ја злоупотребат својата службена положба, повеќе да не го прават тоа.

– Се надеваме дека доколку се докаже вина кај тие за кои ние го имаме известено јавното обвинителство, ќе одговараат за тоа и дека веќе никогаш нема да се повтори незаконско, непрофесионално и неетичко работење во агенцијата, рече Христовски.

Директорот на АНБ не сакаше да одговори колкумина се прислушкувани упатувајќи на јавното обвинителство.

Премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за резолуцијата со црвени линии што СДСМ најави дека ќе ја достави до Собранието рече дека дека тие ќе го видат документот и оти се надева дека „ќе дозволат и ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група од владејачката коалиција да дадат свој инпут на сето тоа“.

– Да го видиме документот, да видиме што е тоа што ќе понудат ново, рече Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека многу такви декларации предложени од СДСМ се само обично слово на хартија и воопшто не се почитувале.

-Иако мора да кажеме дека во минатото декларациите на СДСМ се декларации коишто на крај завршуваат како обично слово на хартија, воопшто не се почитуваат. Имавме многу такви декларации во минатото како што кажав, но за жал СДСМ сето тоа коешто го декларира апсолутно не го почитуваше кога имаше кревка можност да управува со владата. Така што еве да го видиме тој документ, па да дадеме и ние наш инпут врз основа на тоа што ќе го видиме, изјави премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Османи ниту потврдува ниту демантира дека се сретнал со Груевски во Унгарија
Следна Статија Адеми: Секој обид за укинување на Бадентер по изборите е обид државата да се врати назад

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Австрија стои до Македонија во вонредни ситуации и на патот кон ЕУ

Министерката за надворешни работи на Австрија Беате Мајнл-Рајзингер денеска го прими својот колега од Македонија, министерот за надворешни работи и…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Да се реши хаосот со ЈСП: Владата обезбеди нафта од државните резерви

Владата се вклучи во решавањето на проблемот со недостигот на нафта за автобусите на ЈСП Скопје. На денешната вонредна седница…

November 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Десковски: Ако на поранешниот шеф на дипломатијата не му било јасно што потпишува тогаш е комплетен идиот

Првата заблуда е создадена од преговарачите на Преспа, а со јасна цел да прикажат дека нашата страна добиле нешто со…

July 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Последниот браник и штит на криминалот на поранешната Влада на СДСМ и ДУИ се дел од сегашните судии и обвинители

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарското прашање поврзано со интерпелација на Судскиот совет и…

March 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?