Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ние повикуваме на национален консензус со месеци, но опозицијата не бира средства како да ни забие нож во грб
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Ние повикуваме на национален консензус со месеци, но опозицијата не бира средства како да ни забие нож во грб
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ние повикуваме на национален консензус со месеци, но опозицијата не бира средства како да ни забие нож во грб

Објавено July 2, 2025 13:14
Сподели
Сподели

Ние повикуваме на национален консензус со месеци, но гледате, додека се бориме да ги вратиме изгубените позиции на меѓународната сцена, опозицијата не бира средства како од зад грб да ни забие нож, на тој начин да им се допадне на тие кои не ѝ мислат добро на Македонија, мислејќи дека повторно ќе имаат можност да бидат на власт.

Ова е дел од изјавата на премерот Христијан Мицкоски кој тој ја даде одговарајќи на новинарски прашања во врска со лицемерниот повик на опозицискиот СДСМ за формирање национален консензус за евроинтеграциите на земјава.

Во оваа смисла премиерот рече дека не може да го коментира тоа што тие го копираат од нив.

„Народот не е со кратко помнење и знае што се случи во седумте години додека беа на власт. Мислам дека опозицијата ја испушта својата можност да се консолидира, да се построи во редот на бранители на македонските интереси и на тој начин колку-толку да врати дел од кредибилитетот кој тие го губеа по две основи – распродавајќи ја Македонија и нејзините национални стратешки интереси и со многу крадење и криминал“, рече Мицкоски.

Во однос на изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека во изминатата година има стагнација во македонските евроинтеграции, Мицкоски повтори дека власта се обидува да ги врати позициите кои во минатото биле оставени од сегашната опозиција, додавајќи дека политиката на лесно потпишани договори, предавства и како што рече, свиткан рбет, ја довела државата во моменталната ситуација.

„Она што го прави оваа влада и македонската дипломатија е да ги врати изгубените позиции, но и на светот да му покаже што се крие зад она кое порано беше кажувано како едноставна работа – да се промени Уставот и завршено е сè, ќе почне мед и млеко да тече по улиците и сè ќе биде перфектно, а во суштина не е така. Проблемот е многу длабок, ние само загребавме по површината и сè излезе, може и светот и македонските граѓани да видат за што станува збор“, додаде премиерот одговарајќи на новинарски прашања по посетата на фабриката Реплек.

Инаку, пред два дена „загрижениот“ за идентитетски прашања Филипче фалејќи се дека СДС лобира кај своите сестрински партии во Европа за контра на бугарскиот амандман со небулозната придавка „модерен“ пред македонски јазик во Извештајот за напредокот на Македонија во ЕП, изјави дека компензацијата (верувале или не) веројатно ќе биде „тргањето“ на придавката МНОГУВЕКОВЕН пред МАКЕДОНСКИ ИДЕНТИТЕТ во текстот на Вајц, изјава која целосно е во стилот на неговиот ментор и сива еминенција Заев, добро познат по сервилниот, безрбетен стил на владеење,манир во кој Венко ја продолжува познатата СДС традиција со нов „на ти го, дај ми го“ на идентитетски или во овој случај пазарлук со ПРИДАВКИ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од утре до средината на следната седмица температури и над 40 степени
Следна Статија Мечка нападна жена на шумски пат во тетовско

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Наталитетот во 2024 година паднат на 8,8%, оваа Влада не го премолчува проблемот и се бори со него

Во политиката често зборуваме за кризите што ги гледаме, за оние што доаѓаат со драматични вести, со протести, со економски…

July 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Невозможно е да се соберат 5.000 потписи: Дали ќе се намали прагот за независни кандидати за локалните избори?

Партиите најавуваат измени на Изборниот законик пред локалните избори.Последни измени на Изборниот законик имаше пред парламентарните избори 2024 година, но…

April 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: 23 Октомври е завет дека Македонија никогаш нема да биде ничија туѓа мисла, туку вечен порив за слобода

Секој народ се изроди низ борба, откажувања, безброј жртви и силна вера и копнеж за својата слобода. Нашиот, иако по…

October 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЈПС – Скопје: Ново на skopjebus.mk: надополни картичка онлајн – брзо и лесно

Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје информира дека отсега постои можност за онлајн надополнување на картичката со билети. -Имаме одлична новина…

February 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?