Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Никој нема право семејна трагедија да ја користи за политички поени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Никој нема право семејна трагедија да ја користи за политички поени
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Никој нема право семејна трагедија да ја користи за политички поени

Објавено March 8, 2026 13:44
Сподели
Сподели

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска реагираше на прес-конференцијата на претседателката на Форумот на жени на СДСМ, оценувајќи дека трагичниот настан во скопската населба Карпош се користи за политички напади.

Според Мицкоски, настапот на претставничката на СДСМ бил проследен со симболика што, како што рече, асоцирала на Шарената револуција, но и на трагедијата во која животот го загубија мајка и нејзината ќерка.

Во пресрет на 8 Март беше одржана прес-конференција на Форумот на жени на СДСМ, на која претседателката беше опкружена со млади жени со црвено обоени дланки. Со тоа, според мене, се правеше асоцијација и на Шарената револуција, но и на трагедијата во Карпош. Токму тој настан беше искористен како повод за дневнополитички напади. Никој нема право семејна трагедија да ја претвора во средство за политички поени, особено во период кога општеството треба да говори за достоинството и безбедноста на жените, изјави Мицкоски.

 

Тој оцени дека настапите на СДСМ во последниот период, според него, се сведуваат на повторување на исти политички наративи и обвинувања.

 

-Кога една политичка структура постојано ги повторува истите приказни и напади, станува јасно дека проблемот не е само политички. Сериозно сме загрижени за состојбата во која се наоѓа раководството на СДСМ. Се гледа паника и очајнички обиди трагедијата да се искористи како политичка платформа, изјави премиерот.

 

Мицкоски нагласи дека државата се наоѓа во сложен меѓународен контекст и повика на поголема политичка одговорност.

-Живееме во тешки историски времиња. Им благодарам на граѓаните кои ја даваат својата поддршка и не подлегнуваат на овие хистерични обиди од СДСМ. Економиите се под сериозен притисок, а стабилноста на многу држави е ставена на тест. Во вакви околности потребна е одговорност, а најмалку што ни треба е паника, рече Мицкоски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија James Talarico will win Democratic primary in Texas Senate race, CNN projects – CNN
Следна Статија Goldman’s Solomon Says Market Reaction to War Is ‘Benign’ So Far – Bloomberg.com

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Нема отстапувања од нормалните референтни вредности што би укажале на радијација во воздухот, велат од ИЈЗ

Институтот за јавно здравје врши следење на физичко хемиски својства во почва и вода и врши мониторинг на зрачење (радијација)…

September 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скандалот се продлабочува: Финансиска полиција ги „чешла“ јавните набавки за мазут во ЈСП

Според последните информации од терен, скандалот во ЈСП се продлабочува. Активирана е и Финансиската полиција. Во врска со проблемот со…

November 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Кос: Се надевам дека Македонија ќе го смени Уставот

Македонија треба да покаже волја за промена на Уставот за да постигне напредок во процесот на пристапување кон ЕУ, порача…

January 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Регистрирани 65.000 прекршоци за 12 часа со „Безбеден град“

Денеска од СВР Скопје го означивме стартот на пробниот период на системот „Безбеден град“ (Safe City), во првите 12 часа…

December 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?