Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема отстапувања од нормалните референтни вредности што би укажале на радијација во воздухот, велат од ИЈЗ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Нема отстапувања од нормалните референтни вредности што би укажале на радијација во воздухот, велат од ИЈЗ
МАКЕДОНИЈА

Нема отстапувања од нормалните референтни вредности што би укажале на радијација во воздухот, велат од ИЈЗ

Објавено September 14, 2025 19:21
Сподели
Сподели

Институтот за јавно здравје врши следење на физичко хемиски својства во почва и вода и врши мониторинг на зрачење (радијација) во воздух, вода и почва.

ИЈЗ поседува референтна акредтирана лабараторија со најсовремена опрема и дванесет мерни станици како и високо квалификуван и обучен кадар за следење на јонизирачко зрачење (радијација) во воздух.ИЈЗ во вистинско време (real time) мери и добива информации за евентуалното зрачење во воздухот.

Во периодот од 7 до 14 септември 2025 година нашиот автоматски систем за мерење на радијација во воздухот работеше непрекинато и редовно ги следеше податоците од сите 14 мерни места низ Македонија. Меѓу нив е и станицата во Скопје (MKMP-1).

Резултати за Скопје (MKMP-1):

Просек во периодот: 51 нано сиверт на час

Најниска и највисока вредност: од 51 до 69 нано сиверти на час

Денес (14 септември 2025 во 11:30 ч.): 50 нано сиверти на час

За споредба: сите овие бројки се во рамки на природниот радијациски фон, односно нормалното природно зрачење кое секогаш е присутно во нашата околина. Нема никакви вредности кои би укажале на зголемена радиоактивност или на ризик за здравјето на граѓаните.

ИЈЗ известува дека во моментот нема одстапувања од нормалните референтни вредности што би укажале на зрачење тоест радијација во воздухот.

ИЈЗ испрати вонредни обучени екипи по насока на инспекторатот за животна средина, Министерство за Здравство и кризниот штаб, кои ќе земат примероци од почва и вода од непосредна близина на засегнатото подрачје за физичко хемиска анализа, а воедно ќе земат примероци (мостри) од чешми, бунари и почва за испитување на евентуално јонизирачко зрачење исто така во непсредна близина на засегнатите подрачја.

По анализата и обработката на истите ИЈЗ ќе ги сподели резултатите со јавноста.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Девојка од Кочани киднапирала штипјанка
Следна Статија ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова за Законот за употреба на јазиците: Да се држат до Уставот и нема да згрешат

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, прашана која е нејзината порака за уставните судии при носењето одлука за Законот за употреба на…

April 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денес е Светол Вторник, се верува дека е најсреќен ден во годината!

Македонската православна црква и нејзините верници го слават третиот ден Велигден, а според народното верување тој е најсреќниот ден во…

April 14, 2026
ЗДРАВЈЕМАКЕДОНИЈА

Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата

УХМР информира дека утре ќе се задржи сончево и топло време, но задутре, недела, под влијание на влажна и постудена…

September 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонија се гради по 7 години пустош и понижување

Денеска е посебен ден овде во Свети Николе и навистина денот сакавме покрај тоа што го предвидовме како дружење со…

March 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?