Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска
МАКЕДОНИЈА

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

Објавено September 14, 2025 19:26
Сподели
Сподели

Од Јавното обвининителство информираат дека по пожарот во објекти за рециклирање отпад во селото Трубарево радијација не е детектирана и оти контаминацијата е хемиска.

– Радијација не е детектирана, контаминацијата е хемиска. Обвинителството бара поддршка, не издава наредби на АРМ. На барањето беше веднаш одговорено и беше првично детектиран опасен периметар со ниво на загаденост по сектори и согласно тоа надлежни служби пристапија на евакуација. Резултатите од мерењата на инспекторатот за животна средина се уште не се доставени до обвинителството, велат од ЈО.

Јавното обвинителство претпладне во соопштение наведе дека во врска со пожарот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издава наредби за обезбедување на целокупната документација за работата на компанијата во чии магацини настана пожарот. Во следниот период, по создавање на услови и обезбедување на податоци за видот на складираните објекти, ќе биде наредено вештачење за да се утврди видот на контаминација и последиците од загадувањето. До овој момент во опожарениот објект нема услови да се врши увид на лице место, а припадниците на МВР и натаму се задолжени да ограничуваат пристап на сите неовластени лица и на лица кои немаат соодветна заштита, нагласуваат од Републичкото јавно обвинителство.

Премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета кај опожарената локација потврди дека се приведени четири лица. Во Трубарево денеска е поставена мерна станица за постојано следење на квалитетот на воздухот.

Четирите лица кои побарале лекарска помош по пожарот се надвор од животна опасност. На Клиниката за токсикологија е хоспитализирана жителка на Трубарево, а другите три лица (припадник на Армијата, директорот на Центарот за управување со кризи и полицаец), се пуштени на домашно лекување

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нема отстапувања од нормалните референтни вредности што би укажале на радијација во воздухот, велат од ИЈЗ
Следна Статија Собир во вторник на плоштад за загинатите во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ОВА се добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, во согласност со Законот за државните награди и Законот за изменување…

November 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Со месеци се без плата – вработените во пералната на Клинички оставени на милост и немилост

Жаклина Блажевска, 24 години вработена во Клиничка централна перална. Вели 11 месеци сум без плата, пренесе Фокус. „Клинички ги пере…

December 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Собранието в среда ќе гласа за предлогот Трајко Славески да биде нов гувернер

Во среда, 28 мај, ќе се одржи седницата за избор на гувернер на Народната банка (НБРМ). Според информациите објавени на…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муамер Сефери од „Вреди“ е нов в.д директор на „Паркови и зеленило“

Муамер Сефери од „Вреди“ е нов в.д директор на „Паркови и зеленило“ Сефери доаѓа на директорската позиција како кадар на…

January 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?