Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Новата градинка во Сопиште е потврда дека се грижиме за најмладите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Новата градинка во Сопиште е потврда дека се грижиме за најмладите
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Новата градинка во Сопиште е потврда дека се грижиме за најмладите

Објавено January 4, 2026 13:24
Сподели
Сподели

Нова детска градинка денеска беше пуштена во употреба во Општина Сопиште. Премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на настанот, истакна дека оваа година очекува уште неколку градинки да се отворат во Скопје.

-Ние како Влада сите овие проекти ќе ги подржуваме и во иднина, сето она што претставува интерес на граѓаните, а посебно на најмилите на најмладите на дечињата ќе биде наш и е наш врвен приоритет во таа насока е изградбата на ваков тип на објект, истакна Мицкоски.

На настанот присуствуваа и градоначалникот на Општината, Јане Мицевски и заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски.

Детската градинка „Сонце“, ќе овозможи згрижување и воспитание на 84 дечиња од предучилишна возраст и се наоѓа на локација која ќе одговара и на жителите од Долно Соње, Горно Соње, Добри Дол и Ракотинци. Во неа се предвидуваат јасли за згрижување на дечиња од 0 до 2 годишна возраст, како и две хетерогени групи за дечиња од 2 до 4 годишна возраст и група за дечиња од 4 до 6 годишна возраст.

Објектот е со вкупна нето квадратура од 362 м2 поделена во три занимални, дел за манифестации, административен дел, како и помошно технички дел.

Средствата за изградба на оваа детска градинка се обезбедни од Владата преку Министерството за социјална политика, демографија и млади во висина од 21.000.000 денари.

Поврзани теми

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Камала Харис за акцијата: Не станува збор за дрога или демократија, станува збор за нафта
Следна Статија Само 14 години имала најмладата идентификувана жртва во пожарот во Кран-Монтана

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ново зголемување од 7,5 проценти на платите во образованието, најави Мицкоски

Вработените во образованието ќе добијат покачување на платите за речиси 7,5 проценти – најави премиерот Христијан Мицкоски. Со ова, како…

April 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Марта Кос: Бугарија и Македонија треба да разговараат и да најдат решение за билатералното прашање

Наша политичка цел е да ги започнеме преговорите со Македонија по Кластерот „Основни вредности“, штом ќе бидат усвоени потребните уставни…

June 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Колективна оставка на членовите на Комисијата за помилување

Професорот Гордан Калајџиев од Правниот факултет објави на Фејсбук дека членовите на Комисијата за помилување колективно поднесуваат оставка од нивните…

October 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

„ТЕФЕРИЧ ПАК РАСЦВЕТА“: Фотографии од распукан асфалт осамнаа на социјалите мрежи како предупредување

Фотографии од катастрофално лошата состојба на Теферич, осамнаа на социјалните мрежи како предупредување до граѓаните кои го користат или пак…

May 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?