Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Нова детска градинка во Гевгелија, нашиот приоритет е просемејната политика и грижата за најмладите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Нова детска градинка во Гевгелија, нашиот приоритет е просемејната политика и грижата за најмладите
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нова детска градинка во Гевгелија, нашиот приоритет е просемејната политика и грижата за најмладите

Објавено January 8, 2026 15:32
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на пуштање во употреба на новата детска градинка „Сончогледи“ во Општина Гевгелија.

Нашиот приоритет како Влада е просемејната политика, грижата за најмилите, за најмладите продолжува и понатаму во периодот којшто следи, бидејќи останува на младите иднината, а ние сме тие коишто треба да ја направат таа иднина поперспективна и на овој начин мислам дека на голем број брачни парови им се олеснува начинот на функционирање.

Посакувам уште многу вакви убави и значајни проекти со кои ќе додадеме нов квалитет во животот на гевгеличани и ќе придонесеме кон подобри услови за раст и развој на најмладите“, изјави Мицкоски.

Ова е четврта градинка од почетокот на годината, а уште многу градинки коишто се почнати кон крајот на 24-та година и 25-та година во периодот што следи се привршуваат и ќе бидат ставени во функција.

Многу од проблемите коишто во минатото ги пратеа овие проекти се отстранети, засилена е динамиката на реализација и изградба на самите објекти, но истовремено и примањето на нов кадар, лиценциран кадар, е исто така интензивирано, нешто што во минатото беше закочено. Така што, можам да кажам дека нашиот приоритет како Влада, а тоа е просемејната политика, грижата за најмилите, за најмладите продолжува и понатаму во периодот којшто следи, бидејќи останува на младите иднината, а ние сме тие коишто треба да ја направат таа иднина поперспективна и на овој начин мислам дека на голем број брачни парови им се олеснува начинот на функционирање, а истовремено и сите тие се охрабруваат да се одлучат за дете повеќе, се разбира за новороденче повеќе, за да можат овие објекти да бидат што е можно пополни.

И од она коешто во неврзан разговор го направивме пред да почнеме со отворањето на градинката, со градоначалникот и со луѓето тука од Гевгелија, тоа е дека со овој објект веќе нема да имаме листа на чекање, овде во Гевгелија или таа листа ќе биде многу мала.

Така што, јас му честитам на градоначалникот, на министерот и заменикот во Министерството за социјална политика, демографија и млади, на пратеничката, на советниците, на администрацијата во Општина Гевгелија коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот и посакувам уште многу вакви убави проекти со коишто ќе додадеме квалитет во животите на гевгеличани“, изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Косова прес“: Груби се наоѓа во Приштина
Следна Статија Годишната инфлација лани изнесувала 4,1 отсто

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Марта Кос: Македонија е шампион на Планот на раст за Западен Балкан

Македонија е наш шампион кога се работи за Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан, што навистина добро…

April 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

По седум години повторно се отвора комплексот „Македонско село“

По седум години денеска повторно ќе биде отворен комплексот „Македонско село“ кој се наоѓа на Водно во близина на Нерези.…

June 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ивановска: Неодговорноста и корупцијата се убијците на Росица и нејзиниот татко

Убијците на Росица и на татко и имаат име и презиме и се вика неодговорност и корупција, а истрагата, доколку…

September 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје

Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!, порача…

February 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?