Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Овие закони што денес ги носиме се за да не гонат нас, тие што некогаш ќе дојдат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Овие закони што денес ги носиме се за да не гонат нас, тие што некогаш ќе дојдат
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Овие закони што денес ги носиме се за да не гонат нас, тие што некогаш ќе дојдат

Објавено January 3, 2026 12:26
Сподели
Сподели

Два клучни процеси ја донесоа неправдата во Македонија – прво, резиборот на судии во 1996 година за заштита на приватизацијата на компаниите со општествен капитал и се што следеше потоа, и вториот – бруталната измена на Кривичниот закон во 2023 година со која се амнестираа високите случаи на криминал и корупција на претходната влада и лица кои требаше да му наштетат на ВМРО-ДПМНЕ. Специјалното јавно обвинителство беше антиуставен имплант, што секој просечен правник во државата го знае. А политичка е одговорноста зошто се трошеа државни и народни пари за таков имплант. Домашната задача ќе биде завршена согласно барањата од ЕК, но да остане запишано, да не биде некажано, сакам да предупредам – кога ќе ги донесеме сите овие измени, тоа не значи дека по тие закони ќе ги гониме оние од владата на СДСМ и ДУИ, вели во интервју за Вечер.мк премиерот Христијан Мицкоски.

Се навршија година и пол од почетокот на вашиот премиерски мандат. Можете ли да кажете што, според вас, не очекувавте да се случи во овие година и пол, а се случи, и што очекувавте, но не се реализираше во меѓувреме?

Ќе почнам од крајот на прашањето. Мислам дека немаше нешто што планиравме, очекувавме да го направиме, а не го направивме. Мислам дека направивме и повеќе од тоа што очекувавме. Иако сега ова можеби ќе звучи малку претенциозно и некој што ќе го гледа интервјуто ќе рече „види го овој, претерува, воопшто не е скромен“, јас ова скромно го кажувам затоа што навистина направивме многу работи изминативе година и половина кои не планиравме да ги направиме, но поради итноста на состојбите носевме одлуки што мораше да решат работи и проблеми и тие работи мораше да ги направиме порано од тоа што очекувавме.

Така што од тој аспект јас ценам дека комплетно сите цели во овие година и половина што ги зацртавме се остварени и повеќе од тоа. Повторно ќе кажам, не затоа што таков беше планот, туку едноставно реалноста беше таква и некои од тие чекори и одлуки беа изнудени поради состојбата во која се наоѓавме во овие година и половина.

А од аспектот на изненадувања, ако ми верувате, и после година и половина јас сè уште имам непријатни изненадувања кои не сум ги очекувал. Секој ден излегува некое ново непријатно изненадување кое е последица, би рекол, во најголем дел од седумгодишното управување со владата на СДСМ и ДУИ, но исто така има и објективни, во помал број, изненадувања кои не сум ги очекувал.

Но најголемиот број непријатни изненадувања или работи кои не сум ги очекувал се навистина од тоа време.

И затоа во една прилика, помалку лут, иако во политиката емоциите не се дозволени, кажав дека ние сме имале работа со потпросечни политички медиокритети, алчни за власт и материјални добра и комплетно државотворно исплакнати, кои апсолутно ништо не ги интересирало, и во тој процес правеле многу грешки. За дел биле свесни и намерно ги правеле, за дел биле несвесни, но сепак ги правеле.

Така што навистина во овие година и половина можам да кажам, еве гордо, дека сите цели кои ги имавме како влада ги реализиравме и, поради изнудените чекори што мораше да ги правиме, направивме и многу работи кои не ги планиравме дека ќе ги завршиме во овие година и половина.

Да одиме со најважните теми за граѓаните: борбата против корупцијата, зголемувањето на платите и пензиите, подобро здравство, школство односно унапредување на образованието, инфраструктурните проекти, финансиската стабилност на државата и нашите евроинтеграции — шест теми по важност за граѓаните. Рековте дека за дел од работите сте изненадени, а дека поголем дел од работите што сте ги направиле се направени и пред рокот, но борбата против корупцијата — како сте задоволни од неа, во јавноста оценката за работата на правосудниот систем сè уште е два проценти, можеби и пониска од два проценти; дали борбата против корупцијата е една од темите за кои не сте задоволни во изминатите година и пол, со оглед дека нивното неработење може да ја чини владата и може да го чини и ВМРО-ДПМНЕ гласачи?

Апсолутно да, и во право сте со констатацијата дека граѓаните немаат разбирање кога станува збор за борбата против криминалот и корупцијата. Со одговорот кој оваа влада можеби го дава во своите аргументирани позиции е дека обвинителите и судиите се наследство на претходната влада и логично е зошто луѓето така размислуваат, бидејќи сè уште постои оној стереотип дека владата, ако сака, може преку ноќ да ги промени судиите и обвинителите. Тој стереотип што има поткрепа во однесувањето на многу влади во минатото.

Ние свесни бевме за сето тоа и бевме свесни дека граѓаните можеби повеќе очекуваат визибилност во борбата против криминалот и корупцијата од страна на владата, затоа што ние сме само дел од таа борба, не сме сè, и тоа мора граѓаните да го знаат.

Ние можеме да отпочнеме истрага, да ја водиме и потоа да ја доставиме до обвинителството; обвинителството е втората страна која ја прифаќа истрагата и доказите и отпочнува судски процес или не, а судот е тој што го дозволува или не го дозволува почетокот на судскиот процес.

Ние како влада можеме да направиме истрага, да ги прибавиме сите докази и да доставиме до обвинителството, обвинителството цени и ако оцени дека има доволно докази за отпочнување судски процес доставува до судот, а потоа судот оценува дали навистина имаме случај или немаме, така што тоа е трослојно ниво на одговорност: истражните и владините органи, обвинителството и судовите.

Сè ова делува комплицирано, логично е да има еден заеднички именител, а тоа се стереотипите од минатото и оправданото негодување на граѓаните дека можеби недостасува доволно жесток интензитет во борбата против криминалот и корупцијата од страна на владата, иако владата е еден од трите степени на одлучување дали криминалот и корупцијата ќе бидат гонети или не.

Второ, многу важно е што ние не сакавме да бидеме како дел од минатите влади, односно да се однесуваме насилнички и да менуваме обвинители, туку да му дадеме шанса на државниот јавен обвинител да се „размавне“ и да покаже што знае, и еве после година и половина конечно отпочнуваме процес во кој стариот државен јавен обвинител, избран од мнозинството избран од СДСМ и ДУИ, заминува во минатото и е распишан конкурс за избор на нов државен јавен обвинител. Ги охрабрувам сите кои согласно закон исполнуваат услови да се пријават и очекувам да биде избран најдобриот, кој навистина ќе биде дел од овој трослоен систем на гонење на криминалот и корупцијата.

И трета работа што е многу важна. Во минатото граѓаните беа сведоци на голем број полициски акции проследени во медиуми со многу естрада, галама и спектакуларни упади во домови и трговски објекти, а ние сакавме да бидеме антипод на таквиот начин на дејствување.

Целото интервју на премиерот Мицкоски прочитајте го ТУКА

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Baidu ја одвојува својата единица за semiconductors, Kunlunxin, за листинг во Хонг Конг
Следна Статија Ќерката на Томи Ли Џонс пронајдена мртва во хотел во Сан Франциско

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Со 61 глас може да ја избришеме техничката влада, но сакавме процесот да биде инклузивен

Мислев дека ќе покажеме зрелост, широчина и на тој начин како политички чинители да се обединиме, оние партии кои имаме…

January 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

„Супорт Кочани“: Не сакаме да бидеме дел од политичка реторика и препукувања

„Супорт Кочани“ не се препознава во коментарот на премиерот. Сигурно мисли за некое друго здружение, ова е дел од одговорот…

June 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за законите од Реформската агенда: Имаме јасен план и фокус, наша стратегија е да бидеме најдобри

Имаме јасен план и јасен фокус. Нашата стратегија е да бидеме најдобри во одделението. Тоа ќе го направиме. Иако тоа…

November 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Еко-свест“ бара од Министерството за животна средина да преземе мерки против хидроцентралите на Дошница

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ информира дека испратиле писмо со барање до министерот за животна средина…

July 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?