Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Одговорност мора да има за прислушкувањето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Одговорност мора да има за прислушкувањето
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Одговорност мора да има за прислушкувањето

Објавено September 8, 2025 12:28
Сподели
Сподели

Не е прашање дали ќе се декласифицираат материјалите, вистинското прашање е како да ги спречиме злоупотребите и повеќе тоа да не се повтори. Тоа ќе се случи само кога ќе има одговорност. А одговорност мора да има, порача премиерот Христијан Мицкоски во неговото денешно обраќање на свеченоста по повод Денот на независноста.

Повикувањето да се декласифицира документацијата за прислушкувањето, Мицкоски го гледа како страв и паника на оние кои повикуваат на такво нешто и како изговор да се дефокусира јавноста.

– Се следи и прислушкува од 90-тите години. И една иста структура, речиси исти луѓе и оперативци, блиски до минатата власт, оперираат со системот. Со ваквите чекори се удира по основите на демократијата, се удира по уставниот поредок, а последиците на таквиот извитоперен систем не само што уништуваат генерации луѓе, туку и ја доведуваат во опасност целата држава, каде на тацна го ставаат безбедносниот систем. Ваквите удари уништуваат и човечки судбини, најчесто и измислувајќи ситуации, контакти, додавајќи работи кои не постојат. За ова сум сведок и јас лично, гледајќи го материјалот од моето следење, рече Мицкоски.

Посочувајќи дека сите материјали и сознанија за незаконското следење се предадени на Обвинителството, Мицкоски рече дека одблизу ќе го следи овој случај.

– Сите материјали од институциите и сознанија за незаконското следење, двојно од двете безбедносни агенции, се предадени на обвинителството. Ги знаеме нивните слаби капацитети и ниската доверба во нив, но овој случај ќе го следиме одблиску и само да знаат – оваа работа нема да се стави под тепих. И ова е прашање на опстојување на државата. И во периодот што следи ќе се одмотува овој гордиев јазол, порача Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорческа со скок од 43 места на ВТА ранг-листата, на врвот нема промени
Следна Статија По пошта од Канада во Грција им стигнале 62 килограми канабис – уапсени две лица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ресторанот „Мечка“ во Дебар Маало го узурпирал тротоарот, Општина Центар ја урна дивоградбата

Во рамките на акцијата за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на ресторанот „Мечка“ во Дебар Маало во…

November 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДЗР: Откриени нерегуларности и системски слабости во финансиски извештаи на Комисија за хартии од вредност

Повеќе нерегуларности и системски слабости покажала Ревизијата на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност на Комисија за хартии од вредност…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Кошта: Македонија е посветена на европскиот пат, но заслужува достоинствен и принципиелен процес

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево во рамки на посетата на Минхен остварил средба со претседателот на Европскиот совет Антонио…

February 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ни доаѓа Лазарева сабота: Наберете го ова за во домот, но никако не правете една работа!

Оваа сабота е Лазарева сабота, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус. Лазарова сабота е променлив празник и секогаш…

April 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?