Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По пошта од Канада во Грција им стигнале 62 килограми канабис – уапсени две лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > По пошта од Канада во Грција им стигнале 62 килограми канабис – уапсени две лица
БАЛКАН

По пошта од Канада во Грција им стигнале 62 килограми канабис – уапсени две лица

Објавено September 8, 2025 12:30
Сподели
Сподели

Двајца Грци се уапсени, а во случајот се вклучени уште четири лица, откако по пошта им стигнала пратка од Канада – дрвен сандак со 62 килограми суров канабис со цел понатамошна трговија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека во магацин на фирма во областа Атика, поширокиот регион на Атина, полицајци од Потсекторот за борба против дрога го откриле дрвениот сандак во кој се наоѓале 120 пакувања со необработен канабис со вкупна бруто-тежина од 62 килограми.

Потоа, со одобрение од надлежен јавен обвинител и по налог на Координативното тело за борба против дрога, Секторот за борба против дрога спровел контролирана достава на поштенската пратката, при што биле уапсени двете лица, кои се обиделе да ја примат пратката од компанијата за достава во име на другите обвинети.

Освен суровиот канабис, полицијата запленила и 675 евра, еден автомобил и два мобилни телефони, а случајот вклучува уште четири други лица.

Уапсените на возраст од 22 и 27 години ѝ се познати на полицијата поради вмешаност во други случаи и веќе се изведени пред јавен обвинител.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Одговорност мора да има за прислушкувањето
Следна Статија Кошта: ЕУ останува посветена на македонскиот европски пат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Адвокатите во Србија запираат со работа на еден месец во знак на поддршка за студентите

Адвокатите во Србија од денеска стапуваат во еденмесечен прекин на работата, што ќе трае до 4 март, одлучи Адвокатската комора…

February 3, 2025
БАЛКАН

Трамп до Вучиќ : Се радувам на зајакнувањето на нашето партнерство

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, доби честитка од претседателот на САД, Доналд Трамп, по повод Денот на државноста на…

February 11, 2025
БАЛКАН

Дедо Мраз во Сараево се „заглавил“ на покривот на градинката, му помогнала спасувачка екипа

Екипата на планинската спасувачка служба (ГСС) Нови Град Сараево денеска имала несекојдневна интервенција во една сараевска градинка. Имено, утринава екипа…

December 31, 2024
БАЛКАН

Трагичен викенд: ТРИ лица се удавија во Грција

Според крајбрежната стража, напладне во недела, пристанишните власти во Солун биле известени дека тело на жена е пронајдено во морскиот…

July 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?