Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски од Будимпешта: Ние не сме само претставници на различни нации и држави, туку носители на заеднички идеали
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски од Будимпешта: Ние не сме само претставници на различни нации и држави, туку носители на заеднички идеали
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Будимпешта: Ние не сме само претставници на различни нации и држави, туку носители на заеднички идеали

Објавено May 30, 2025 16:58
Сподели
Сподели

Денес, на оваа престижна меѓународна платформа, се собираме со чувство на одговорност, но не само како претставници на различни нации и држави, туку првенствено како носители на заеднички идеали – идеали што ги обележаа најсветлите моменти во историјата на човештвото. Доаѓам од Балканот, од држава којашто е во срцето на Балканот, со длабоки корени, но и со јасна визија за иднината, истакна премиерот Христијан Мицкоски денес во Будимпешта.

-Доаѓам од место во кое вековите нè научија дека вистинската сила доаѓа од верноста кон вечните вредности со кои никогаш не смее да се прават компромиси. Живеејќи во времиња, кога лажните наративи се обидуваат да ги избришат или да ги релативизираат нашите национални идентитети, ние сме тука за да го потврдиме спротивното. Патриотизмот не е некаква ретро-идеја, туку единствениот пат кон просперитетна иднина. Прво и основно – Бог. Не како апстрактна идеја, туку како жив Творец кој нè повикува на вистина, правда и на милосрдие, рече Мицкоски.

Премиерот цитираше: „Благословени се оние кои се гладни и жедни за правда, бидејќи тие ќе се наситат”. (Матеј 5:6)

-Во време кога христијанските вредности секој ден се напаѓаат, исмејуваат и исклучуваат од јавниот дискурс, ние сме повеќе од сигурни: никогаш нема да се откажеме од духовното наследство на рамноапостолите, светите браќа Кирил и Методиј кои од Македонија ја донесоа писменоста и христијанството помеѓу словенскиот свет. Второ – Татковината. Таа – нашата родна грутка – не е само некаков географски поим. Татковината била и ќе продолжи да биде живо ткиво составено од историја, традиција и заеднички стремежи. Татковината не се менува, не се напушта и не се продава – таа се брани и се гради, рече тој.

Премиерот истакна дека Македонија, иако мала, никогаш не се откажала од својот идентитет.

-Низ нашата многувековна историја научивме дека слободата се плаќа со жртви. Денес, во духот на соработката, длабоко ја цениме поддршката на нашите стратешки партнери, како што впрочем е и Унгарија – чиј пример нè инспирира уште повеќе да ги застапуваме вредностите во кои веруваме. Се присетувам и на еден впечатлив говор на претседателот Трамп. „Основната потреба на нашето време е да имаме нации што ќе ги бранат своите култури, своите граници и своите вредности” – беше споменато. Ние, пак, застапниците на овие вредности, имаме обврска оваа идеја да ја прифатиме, да ја афирмираме и да ја реализираме. И конечно – семејството. Најсветата институција што ја создал Бог. „Ако Господ не го гради домот, напразно работат градителите”. (Псалм 127:1). Денес, кога некои се обидуваат да го редефинираат семејството, ние се обидуваме да ја заштитиме таа основна клетка и вредност. Семејството е нашиот темел, нашите татковини се нашата основа. Затоа што многу добро знаеме дека секоја нација е силна колку што се силни нејзините семејства, рече премиерот Мицкоски.

„Верувам дека овој е патот кој треба да го изодиме“, порача.

-Да не ги заборавиме нашите пријатели кои ги штитат овие вредности. Нашиот пријател премиерот Виктор Орбан е еден од лидерите кои ги промовираат вредностите во Европа и за чија активна улога треба да биде поддржан и поздравен. Тоа е политика на цврсти основи и политика каде зборот е збор, цврст како карпа. И му благодарам за тоа. И ветриштата на промени кои ги започна администрацијата на претседателот Трамп е политика на раст и враќање на надежта. Во таа насока ве повикувам: Да ја зајакнеме нашата духовна отпорност. Да го одбраниме нашиот суверенитет. Да го заштитиме традиционалното семејство. Ова не е само наша должност! Тоа е нашата чест! Како што вели една македонска народна мудрост: „Еден човек може да направи разлика, но сите заедно можеме да направиме историја”. Нека Господ го благослови нашиот заеднички пат, заклучи тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Oбраќање на премиерот Мицкоски во Будимпешта на СРАС конференција
Следна Статија Мицкоски – Орбан: Стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива со уште поголема динамика

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Лами: Преку ново стратешко партнерство, ја зајакнуваме соработката со Македонија

Ја зајакнуваме соработката со Македонија преку ново стратешко парнерство, објави на платформата Х секретарот за надворешни работи на Обединетото Кралство…

July 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски утре ќе ја пречека и ќе биде домаќин на Урсула Фон дер Лајен, претседателка на Европската Комисија

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски утре со почеток во 11:20 часот ќе ја пречека и ќе биде домаќин на посетата…

October 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Пациенти од Кочани доживеале непријатности на аеродромот во Истанбул: Мицкоски ургирал кај Ердоган за да се среди ситуацијата

Неколку деца од Кочани, преживеани од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, кои се враќале од лекување во Турција, доживеале непријатна…

May 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДЗС добива прва републичка пожарна составена од 50 армиски и полициски возила пренаменети за гаснење на шумски пожари

Дирекција за заштита и спасување добива прва републичка пожарна составена од 50 возила за гаснење на шумски пожари, кои имаат…

July 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?