Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски од Виница: Димче и Левица одработуваат за новиот стопан Али, затоа имаат кандидати во Струга и Тетово, а не и во Велес и Штип
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски од Виница: Димче и Левица одработуваат за новиот стопан Али, затоа имаат кандидати во Струга и Тетово, а не и во Велес и Штип
ПОЛИТИКА

Мицкоски од Виница: Димче и Левица одработуваат за новиот стопан Али, затоа имаат кандидати во Струга и Тетово, а не и во Велес и Штип

Објавено October 3, 2025 08:40
Сподели
Сподели

На отворена сцена се гледа една непринципиелна коалиција помеѓу Левица и ДУИ којашто е многу опасна, рече на вчерашниот митинг во Виница претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– На отворена сцена гледаме како има една непринципиелна коалиција, која мораме да ја изнесеме на чистина. Тоа е коалиција што ја направија ДУИ и политичката партија Левица, тоа е коалицијата која ја направија Али Ахмети и Димче Апасиев. Оваа коалиција е многу опасна. Зошто? Затоа што во минатото ги видовме активистите и членовите на оваа политичка партија Левица како дел од таканаречената Шарена или обоена револуција кога уништуваа, бојадисуваа, палеа државен имот, кога уриваа држава. Ги видовме понатаму како добиваат скапо платени хонорари од СЈО, последно време сведоци сме како влечат партиски пари за личните удопства и луксузи коишто ги имаат – рече Мицкоски.

Тој се наврати и на кажувањата на Зоран Заев од минатото кога на собраниската говорница му се обрати на Димче Апасиев и му рече, „пред едни избори, нели јас и ти се договоривме јас да ти обезбедам ресурси, јас да ти обезбедам средства за да добиеш некој глас повеќе, за да добиеш некое удопство повеќе, а потоа после изборите да бидеме заедно во коалиција“ и да ја спасувале, како што тој кажа, Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и од Христијан, на што Апасиев ја наведна главата и си замина од собраниската сала.

– Денес ги гледаме истите овие од Левица со нов стопан. Но, овој стопан е од Зајас, се вика Али Ахмети, па ќе видите како низ Македонија во општини каде што, апсолутно, немаат ниту теоретски шанси да освојат градоначалник, тие кандидираат кандидати за градоначалници, како Тетово, како Гостивар и Струга. Ако се чувствуваат толку силни и веруваат во себе, зошто не кандидираа кандидат за градоначалник во родниот град на Димче, во Велес или пак во родниот град на вториот по важност во Левица, Крмов, во Штип. Одговорот е многу едноставен. Тие се таму прокси улога на потребите на ДУИ и имаат за цел да ги акумулираат анти ДУИ, анти Али гласовите, со цел да му удоволат на нивниот нов стопан Али Ахмети и ДУИ – посочи Мицкоски.

Затоа, повика Мицкоски, на 19 октомври македонските граѓани имаат историска можност да излезат масовно низ цела Македонија да го заокружат бројот 9 и да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Србија под снег: делови од земјата затрупани, патиштата блокирани
Следна Статија Во Маврово над 30 сантиметри снег, вработени во НП Маврово ги чистат паднатите дрвја на коловозите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов се кандидати за пратеници на местото на избраните градоначалници

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов се кандидатите за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски…

November 3, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во фабриката „Макпрогрес“ во Виница

Пожар избил попладнево во фабриката „Винчини“ во Виница, кој го зафатил магацинот и неколку производни погони, информираат од Центарот за…

September 6, 2025
ПОЛИТИКА

Екс заменик-министерот Колемишевски: СДСМ ќе изгуби над 80 отсто од општините што ги контролираше во 2021 година 

Во историјата на секоја сериозна партија, особено на оние што го носеле товарот на државноста, доаѓа момент кога не е…

July 22, 2025
ПОЛИТИКА

Османи тврди дека напролет ќе има предвремени парламентарни избор

Предвремени парламентарни избори ќе има во март или април следната година – изјави кандидатот за градоначалник на Чаир од редовите…

October 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?