Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски очекува меѓу 45 и 50 градоначалници на локалните избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски очекува меѓу 45 и 50 градоначалници на локалните избори
ПОЛИТИКА

Мицкоски очекува меѓу 45 и 50 градоначалници на локалните избори

Објавено September 29, 2025 21:30
Сподели
Сподели

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер очекува излезеност помеѓу 850 и 900 илјади и се надева дека ќе освојат над 400 000 гласа, со што би оствариле историски најдобар резултат на локални избори.

Нема да бидеме изненадени доколку имаме повеќе од 50 градоначалници, но очекуваната бројка е помеѓу 45 и 50, плус главниот град, вели премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Мицкоски вели дека тоа е поголем број градоначалници во однос на изборите во 2021 година кога имаа четириесет и двајца. За резултатот на СДСМ, пак, рече дека согласно нивните анализи тие би добиле од нула до шест градоначалнички места. За партијата Левица вели:

„Не очекувам да освојат. Затоа што Левица, таму каде што кандидира свои кандидати, во најголем дел, а тоа се скопските општини и во градовите Тетово, Гостивар и Струга, теоретски не може да добијат поголем број гласови од кој било друг што се натпреварува на тие избори. Јасна е нивната стратегија, дека тие треба да бидат прокси за Демократската унија за интеграција“.

Во однос на бројот на гласови на советничките листи, Мицкоски вели дека во споредба со последните парламентарни избори на кои коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освои околу 430 000 гласа на излезеност од над еден милион граѓани, сега очекува да има дисипација зашто на гласачките ливчиња ќе има независни листи, но и партии кои со ВМРО-ДПМНЕ коалицираат на централно ниво, а во одредени општини ќе настапат самостојно.

„Се разбира дека гласовите на советничките листи се значајни и дека се некаков репер и патоказ, но очекувам да го освоиме тој процент помеѓу 40, 42-43 отсто од вкупниот број излезени гласачи. Тоа е во едно очекувано сценарио, иако кампањата сè уште не е почната, а очекувам дополнителна мобилизација од некој процент“, кажа Мицкоски.

Премиерот очекува излезеност помеѓу 850 и 900 илјади и се надева дека ќе освојат над 400 000 гласа, со што би оствариле историски најдобар резултат на локални избори.

Прашан дали нивните анализи покажуваат пад на поддршката за партијата од парламентарните избори до денес, тој одговори не и оти напротив сметаат дека имаат добиено дополнителен потенцијал.

„Се разбира дека во одредени кругови во јавноста можеби постои незадоволство од динамиката на реализација и испораката на резултатите. Некој ќе каже пребавно се случува, некој ќе каже апсете го овој, некој ќе каже судете го тој. Но, ние како Влада и како коалиција сме тука да испорачаме резултати и да одиме напред, а не да одиме назад како што тоа се случуваше во изминатите години. Ние не сме обвинители ниту, пак, судии за да можеме некого да обвинуваме или да судиме. Ние можеме да направиме истрага и преку оние институции коишто ја вршат таа истрага да ја доставиме до обвинителството. Од тој момент, па натаму правосудниот систем е тој што одлучува дали некој ќе биде приведен, апсен, суден и така натаму“, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бугарски инспектори отпуштени откако барале мито од тимот на Роби Вилијамс
Следна Статија Селото со 1.485 жители ќе има клуб во Лигата на шампионите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Ахмети продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува

Али Ахмети продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува, но ги загрижува и нашите меѓународни партнери…

November 12, 2024
ПОЛИТИКА

Села смета дека нема ништо лошо што Таравари се среќава со Ахмети

Немам право, како и другите лидери на партии во Европскиот фронт што немаат право да се мешаат на кој било…

April 27, 2025
ПОЛИТИКА

Нова провокација: Бугарски здруженија најавуваат дека ќе делат маици „Бугарија“ во средни училишта во Скопје

Фејсбук страницата „Историски податоци за Македонија“ најавува дека ќе се делат маици „Бугарија“ во училишта низ Скопје. Oва е уште…

November 11, 2025
ПОЛИТИКА

Ивановски: Јас сум во СДСМ од 1994 година, не може Филипче да ме исклучи

Игор Ивановски, кој е од од онаа група за реформи во СДСМ му порача да не врши притисок врз оние…

July 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?