Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Пензионерите мартовската пензија ќе ја добијат повисока за 2.500 денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Пензионерите мартовската пензија ќе ја добијат повисока за 2.500 денари
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Пензионерите мартовската пензија ќе ја добијат повисока за 2.500 денари

Објавено March 14, 2025 08:27
Сподели
Сподели

Со мартовската пензија, која ќе им биде исплатена на крајот на март или на почетокот на април, пензионерите ќе го добијат линеарното покачување од 2.500 денари, потврди премиерот Христијан Мицкоски.

-Со линеарното зголемување од вкупно 5.000 денари „ЈВ индексот“ е доведен во некоја си нормала затоа што е намалена разликата меѓу екстремно сиромашното население и екстремно богатото, рече Мицкоски во интервју за ТВ Канал 5.

Нагласи дека Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд побараа од Владата да се зголеми границата за пензионирање.

-Жестоко се боревме тоа да не се случи освен оние што сакаат да можат да работат до 67 години старост. Застанавме позади правата на граѓаните и работниците. Бараа и зголемување на ДДВ-то и ме прашуваа зошто не го зголемуваме. Се боревме и не го направивме тоа. Бараа и променлив данок, но ние викавме не, данокот ќе си биде рамен. Се боревме и ќе се бориме, рече Мицкоски.

Потсети дека Владата успеа да земе кредит од 250 милиони евра со каматна стапка од 1,95 проценти за компаниите.

-Има заинтересирани компании за 500 милиони евра. Тоа се 10 илјади нови работни места, потенцира Мицкоски.

Најави дека Владата ќе бара нови пари за компаниите насекаде во светот.

-Ќе бараме секаде. Кој ќе ни даде не е битно затоа што без добра и силна економија нема пари во Буџетот, а без пари во Буџетот ништо нема да правиме ќе нема ни капитални инвестиции, рече Мицкоски.

Прашан дали сите компании ќе имаат рамноправен пристап до средства од унгарскиот кредит од комерцијалните банки во земајва, рече дека Владата го надгледува процесот и не се меша во внатрешната работа на банките.

-Тоа е политика на комерцијалните банки. Тие имаат критериуми се знае по кој критериуми ги делат парите имаат договор со Македонската банка за обнова и развој. Не верувам дека ќе си дозволат шпекулативно однесување зашто станува збор за нивниот имиџ, рече Мицкоски.

Порача дека годинава за првпат е намален јавниот долг и дека во јануари е под 60 проценти.

Од Унгарија зедовме кредит од 500 милиони евра, а потоа зедовме уште 500 за да вратиме ја вративме еврообврзницата која беше емитувана во 2018 година. Вративме 500 милиони долг од претходната влада. Ако сега излезевме на отворениот пазар немаше да платиме под 6 до 6,5 проценти, а ме обвинуваа за 3,25 проценти, прецизира Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Српскиот политичар кој објави снимки за киднапирањето на Вања и Панче е во бегство
Следна Статија (Видео) Најмалку 150 демонстранти упаднаа во кулата Трамп во Менхетен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Бизнисот е гладен, сака развој и свежи пари

500 милиони евра од унгарскиот кредит се искористени за враќање на долг, обврзница земена во 2018та година, а другите пола…

March 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Без структурни реформи не може да очекуваме економски раст поголем од 2.5 проценти

Просечниот годишен раст на јавниот долг во периодот од 2008 до 2024 година е 7 проценти и веќе надминува 60…

November 22, 2024
ЕКОНОМИЈА

По отпуштањето во Министерството за правда, Вашингтон е широко отворен за спојувања

Популизмот на кампањата на Трамп изгуби битка со базичниот либерален републиканизам. Дали тоа воопшто беше реално?

February 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

Коњановски: Се купувал исклучително лош јаглен за РЕК, начекавме хаос во рудниците

Констатирана е состојба на хаос во рудниците за јаглен во Битола, затоа што воопшто не се водело сметка отстранувањето на…

October 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?