Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Планот за раст е повеќе од иницијатива, тој е заложба за вистинска промена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Планот за раст е повеќе од иницијатива, тој е заложба за вистинска промена
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Планот за раст е повеќе од иницијатива, тој е заложба за вистинска промена

Објавено November 21, 2025 13:45
Сподели
Сподели

За Македонија Планот за раст е многу повеќе од иницијатива, посочи премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на лидерите од Западен Балкан за Планот за раст во Тирана. Тоа, вели, е приказна за претворање на заложбата во вистинска промена и нагласувајќи притоа дека Македонија беше првата земја од регионот што го операционализираше Инструментот за реформи и раст и првата што доби пред-финансирање согласно Планот.

-Ова беше резултат на посветена работа и на цврсто верување во европските вредности. Нашата реформска агенда, одобрена од Европската комисија, се фокусира на она што навистина е важно – добро владеење, чиста енергија, образование, развој на бизнисот и владеење на правото. Ова не се апстрактни цели. Тие се темелите на современата европска држава, секојдневната реалност што сакаме да ја обезбедиме за нашите граѓани, посочи Мицкоски.

Македонскиот премиер во обраќањето наброи дел од промените кои што, како што рече, веќе се спроведуваат.

-Оваа година поднесовме две барања за исплата на средства, со кои се поддржуваат приоритетните реформи на Владата – особено во областа на дигиталните услуги, зајакнување на деловната клима и подобрување на енергетската ефикасност. Досега се исплатени околу 24 милиони евра, комбинација од заеми и инвестициски грантови. Продолжуваме со натамошни реформски чекори во сите сектори: управување со јавните финансии, дигитална трансформација, развој на бизнисот и реформи во правосудството. Завршувањето на овие чекори ќе отклучи дополнителна поддршка од ЕУ во износ од над 134 милиони евра. Но, ова не се само бројки, ова се приказни за промена, додаде Мицкоски.

Тој го потенцира и приклучувањето на Македонија кон Единствената зона за плаќања во евра (SEPA) меѓу првите партнери од Западен Балкан интегрирани во овој европски систем, потоа проектот WiFi за Западен Балкан (WiFi4WB), којшто се спроведува во 63 општини, Дигиталниот самит во Скопје како потврда на заложбата за интероперабилност, безбеден дигитален идентитет и за поблиско усогласување со европските дигитални стандарди, како и програмата Хоризонт градиме национална Антена на Фабриката за вештачка интелигенција која ја поврзува Македонија со европскиот екосистем за ВИ и со капацитетите за суперкомпјутери.

Мицкоски се осврна и на поврзаноста како врвен приоритет, зборувајќи за модернизација на три гранични премини – Деве Баир, Блаце и Богородица во рамките на иницијативата Зелени ленти, со што Европа физички станува поблиска до граѓаните.

-Нашата зелена транзиција, од енергетски ефикасни студентски домови до нови инвестиции во транспорт и железничка инфраструктура, покажува дека растот и одржливоста можат да одат рака под рака. Вкупно, проекти во вредност од околу 1,1 милијарда евра се во текот на Планот за раст, од кои над половина милијарда се ЕУ грантови, нагласи Мицкоски, кој зборуваше и за продлабочената регионална соработка преку Заедничкиот регионален пазар и Берлинскиот процес, преку кој вели, создаваме простор кој го одразува Европскиот единствен пазар.

-Овие чекори се доказ дека кога ги интегрираме нашите пазари, кога ги поврзуваме патиштата и кога ги усогласуваме правилата, веќе ја практикуваме Европската унија и нејзините вредности, заклучи Мицкоски.

Тој потенцира дека нашата порака денес е едноставна, но, како што рече, цврста: Македонија исполнува.

-Не реформираме затоа што тоа се очекува од нас, туку реформираме затоа што веруваме во европската идеја. Ние ја градиме Европа дома со нашите политики, со нашите дела и со нашите вредности. Сега очекуваме од нашите партнери истото, правичен, меритократски пристап кој ги наградува резултатите и ја препознава посветеноста. Заедно да го претвориме овој План за раст во вистински напредок и промена; Да биде доказ дека европската идеја продолжува да инспирира, да обединува и да дава резултати, не утре, туку денес, посочи премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на лидерите од Западен Балкан за Планот за раст во Тирана.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Предупредувањето на Кени Аткинсон стана реалност во загубата на Кавалерси со 114-104 против Houston Rockets
Следна Статија Криптосветот се преструктуира: Нови можности среде предизвици

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАНМАКЕДОНИЈА

Имаме високи планини – а одговорност?

Има некои работи кои секогаш, без исклучок ни притискаат некое копче, некој нерв за прекрасни емоции, прават да се чувствуваме…

February 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Во Белград се лекуваат најголем број од граѓаните испратени на лекување во странство

Денеска бев во Белград, каде што се лекуваат најголем број од македонските граѓани испратени на лекување во странство, објави Тимчо…

March 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Катица Јанева излезе на условен отпуст

Поранешната шефица на згаснатото Специјално јавно обвинителство, Катица Јанева, тивко го напушти „Идризово“ на почетокот на неделата. Жената која беше…

December 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Празнувањето на Свети Сава 18 години во Македонија значи меѓусебно почитување и доверба, добра соработка и негување на односите помеѓу српскиот и македонскиот народ

Дозволете ми од мое лично име и од името на Владата на сите припадници од српската заедница кои живеат во…

January 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?