Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Празнувањето на Свети Сава 18 години во Македонија значи меѓусебно почитување и доверба, добра соработка и негување на односите помеѓу српскиот и македонскиот народ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Празнувањето на Свети Сава 18 години во Македонија значи меѓусебно почитување и доверба, добра соработка и негување на односите помеѓу српскиот и македонскиот народ
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Празнувањето на Свети Сава 18 години во Македонија значи меѓусебно почитување и доверба, добра соработка и негување на односите помеѓу српскиот и македонскиот народ

Објавено January 27, 2025 09:05
Сподели
Сподели

Дозволете ми од мое лично име и од името на Владата на сите припадници од српската заедница кои живеат во државата да Ви го честитам празникот Свети Сава и Ви посакам многу здравје, среќа, бериќет и духовен мир. Празникот Свети Сава се празнува 18 години во Македонија, откако со измените на законот за празници на 8 февруари 2007 година е прогласен за национален празник на Србите во Македонија, истакна премиерот Христијан Мицкоски во честитката.

-И ова го покажува меѓусебното почитување и доверба, како и добрата соработка и негување на односите помеѓу српскиот и македонскиот народ.

Вашиот придонес во општествениот и јавен живот покажува дека заедно, обединети, во заедништво и преку почитување на различностите, културите и традициите можеме да ја трансформираме Македонија напред, а за граѓаните обезбедиме подобра и посигурна иднина.

Македонија мора да се гради и да има економски напредок, а тоа го можеме само доколку сме сплотени.

Затоа цврсто сум убеден дека градењето на соживот, толеранција и пријателство ќе биде еден од вредностите кои ќе бидат нашата водилка за остварување на нашите цели.

Почитувани пријатели од српскатa заедница, Ви посакувам убав празничен ден исполнет со радост.

Нека е честит големиот празник Свети Сава!, додава Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бил Гејтс: Разводот од Мелинда беше најголемата грешка во мојот живот
Следна Статија (Видео) Барселона на „Монжуик“ ја декласира Валенсија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Марш за ангелите“ денеска во Скопје

Денес, 15 ноември, во Скопје ќе се одржи „Марш за ангелите“ – протестен марш во знак на почит кон 63-те…

November 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје денеска реализираа превентивна…

August 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Радев се заблагодари на Сиљановска-Давкова: Македонија е подготвена да даде поддршка во справувањето со последиците од поплавите

Република Македонија е подготвена да даде поддршка во справувањето со последиците од поплавите, изјавил бугарскиот претседател Румен Радев по телефонскиот…

October 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Скопје денеска и утре посебен сообраќаен режим поради лидерската средба ЕУ – Западен Балкан

Во Скопје денеска и утре ќе има посебен режим на сообраќајот поради одржување на лидерската средба ЕУ - Западен Балкан.…

June 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?