Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски побарал телефонски разговор со Фон дер Лајен за проблемот на превозниците: Очекувам да се реши
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски побарал телефонски разговор со Фон дер Лајен за проблемот на превозниците: Очекувам да се реши
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски побарал телефонски разговор со Фон дер Лајен за проблемот на превозниците: Очекувам да се реши

Објавено January 28, 2026 17:11
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски очекува да се надмине проблемот на македонските превозници, кои од вчера, заедно со транспортерите од Западен Балкан, ги блокираат граничните премини барајќи да се измени правилото на ЕУ за електронска евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена.

Тој денеска изјави дека ова прашање е отворено уште од септември со Европската комисија и дека задолжен да разговара е министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, исто како што со ЕК досега се разговарало и за други проекти што се во интерес на граѓаните.

– Барем од она што е последна најава, очекувам ова да се реши. Јас вчера побарав телефонски разговор со претседателката на Европската комисија (Урсула фон дер Лајен), таа е службено отсутна во Индија. Очекувам деновиве да се слушнеме и повторно да ја отвориме оваа тема и заедно со колегите од регионот повторно да ја ставиме на маса. ЕУ си има шенген-механизам до кој се држи и ние сега бараме варијанта како да им излеземе во пресрет на транспортерите – рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при работната посета на општина Гази Баба

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонците сакаат во ЕУ, но без Бугари во Уставот
Следна Статија Обвинителството отвори предмет за наводите на Жан Митрев дека Филипче и Заев се обиделе да го принудат да им ја продаде клиниката

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Обвинителот Цветановски: Поднесов кривични пријави против Љупчо Коцевски и Лиле Стефанова, но одговор нема

Суспендираниот јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, за МИА отворено зборува за причините за неговата суспензија, за…

August 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Зрновци поставен камен-темелник на Дом за стари лица, прв во источниот дел на Македонија

Во Зрновци денеска официјално започна да се гради Дом за стари лица, прв објект од ваков карактер во источниот дел…

September 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

За трагедиите во Модуларната болница, Ласкарци и Беса транс има нула кривични пријави, вели Тошковски, за Кочани досега две со 34 опфатени лица

За трагедиите во Модуларната болница во Тетово и автобуските несреќи Ласкарци и на Беса Транс во Бугарија МВР не поднело…

April 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП, ќе разговараме за глобалните предизвици и ќе ставиме акцент на проширувањето на ЕУ

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Европската народна партија во Брисел. -„Добар ден од Брисел,…

March 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?