Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД

Објавено February 1, 2026 14:31
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека е подготвен за средба со синдикатот и потпишување на колективниот договор за државните службеници, но дека ќе мора да се согласат да се тргне делот за плати од Општиот колективен договор којшто, како што кажа, е збунувачки и за него ќе треба да се преговара.

– Јас сум секогаш подготвен за средба. Апсолутно можеме да договориме средба и немаше потреба од никакви јавни коментари поврзани со оваа тема кога јас многу јасно ова сум го предложил уште минатата година само тогаш беше на четири рати бидејќи беше опфатена и 2025 година. Сега, бидејќи 2025 е зад нас, остануваат три години, односно две години и два – три месеца (април 2026, 2027 и 2028). Тоа е условот – да дојдат, но треба исто така во тие преговори да се согласат на веќе изминатиот од важност Општ колективен договор, да го тргнеме делот за плати којшто и онака е збунувачки, и да се посветиме на овој договор да го финализираме и во рамки на тие две години да се договориме и за тој дел. Ние сме подготвени да преговараме, изјави денеска Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.

Вели дека оваа понуда била на маса веќе една година и дека неговиот став е непроменет, односно бил ист и тогаш и сега.

– Со тоа Владата ги регулира односите со своите колеги, односно онаму кадешто Владата е работодавач бидејќи остануваат уште административните службеници. Со сите останати ние како Влада имаме договор, рече Мицкоски по означувањето на почетокот на изградба на булеварот „Македонија“ кај хотелот Лимак во Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина 11 месечната внука на Снуп Дог
Следна Статија Веризон забележува силен пораст на претплатници под новото раководство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Започна со работа фабриката „Магна Мехатроникс“, инвестиција околу 40 милиони евра и вработувања на 600 лица

Канадската компанија „Магна мехатроникс“ денеска отвори фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип. Инвестицијата во новиот капацитет со површина од…

April 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Македонија и Скопје на авиомапата на Барселона и Лион

Утрово на скопскиот аеродром слетаа првите авиони на ново воведените линии Барселона – Скопје и Лион – Скопје. Тие се…

May 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Процедурата за распределување на парите од унгарскиот кредит до крајот на месецов, заинтересирани голем број компании

Целата процедура околу средствата од унгарскиот кредит наменети за компаниите, според најавите на надлежните, треба да заврши до крајот на…

January 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Повеќе од една третина од германските компании планираат отпуштања

Германските компании се соочуваат со уште една тешка година и околу една третина од нив имаат намера да намалат работни…

November 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?