Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Процедурата за распределување на парите од унгарскиот кредит до крајот на месецов, заинтересирани голем број компании
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Процедурата за распределување на парите од унгарскиот кредит до крајот на месецов, заинтересирани голем број компании
ЕКОНОМИЈА

Процедурата за распределување на парите од унгарскиот кредит до крајот на месецов, заинтересирани голем број компании

Објавено January 25, 2025 10:16
Сподели
Сподели

Целата процедура околу средствата од унгарскиот кредит наменети за компаниите, според најавите на надлежните, треба да заврши до крајот на овој месец. Во вторник на владина седница се очекува да помине договорот по што ќе се потпише договорот со банките и практично со тоа парите од заемот треба да станат оперативни. 

Договорот, како што вчера изјави премиерот Христијан Мицкоски, е финализиран и се очекува во вторник на владина седница да помине. 

Се надевам дека до крајот на месецов се ќе биде завршено, ќе се потпише со банките и ги повикувам економските оператори да подготват проекти и да аплицираат за да ги добијат кредитите од комерцијалните банки, изјави Мицкоски при посетата на општина Петровец.

Kryeministri Hristijan Mickoski thotë se vizita në SHBA ishte historike dhe në interes të qytetarëve, ndërsa për akuzat e opozitës thotë se po defokusohen nga esenca.

Парите првично требаше да бидат оперативни до крајот на минатата година. Одоговлекувањето, како што вчера изјави премиерот, било поради тоа што е проширен опфатот на компании кои ќе може да аплицираат, поточно, освен за нови производствени капацитети и нова опрема, средства од унгарскиот заем ќе може да бидат доделени и за обновливи извори на енергија, како и за објекти кои компаниите ќе се користат како административни згради.

Анализата вели дека 250 милиони евра годишно е побарувањето на економските оператори за да земат заеми. Ако ги ограничите можностите, тогаш се ограничуваат и економските оператори и може да се случи од тие 250 милиони евра да се искористат само 120, 150 или 180 милиони евра, а другите да останат. Од тие причини, сакаме да го прошириме сето она што ќе има позитивен импут во БДП и во македонската економија. Но, сега е се дефинирано, завршено е, содржината на договорот е готова, изјави Мицкоски.

Од Стопанската комора на Македонија во понеделникот на прес-конференција посочија дека успеале во намерата голем дел од компаниите да учествуваат во добивањето на кредитот.  

Имаме блиска соработка со Владата и последната информација од таму е дека сите компании ќе имаат можност да конкурираат за добивање на кредитот, што значи дека можат да го искористат за нивните намени и нивните потреби. Се забавува исплатата на кредитот, но ние бевме упорни во тоа, и го добивме токму тоа што го баравме со преговорите кои што беа макотрпни. Успеавме да го добиеме тоа што беше потребно, за сите наши компании да имаат можност да конкурираат за кредито, истакна во понеделникот Наташа Јаневска од Стопанската комора. 

Од унгарскиот заем, 250 милиони евра се наменети за компаниите. Компаниите ќе треба да имаат минимум 20 отсто сопствено учество, а максималниот износ што можат да го добијат е 10 милиони евра. Фирмите кон банките ќе плаќаат каматна стапка од 1,95 проценти, грејс периодот е три години и 12 години рок на отплата.

Договорот за кредитот од вкупно 500 милиони евра, во име на Владата, беше потпишан на 8 октомври во Будимпешта од страна на министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочовска со унгарската Експорт-импорт банка. 

Премиерот Мицкоски вчера потврди дека е пристигната и втората транша од заемот во висина од 500 милиони евра и дека е вратена еврообврзницата од 2018 година која доспеваше на почетокот на оваа година. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хамилтон со една фотографија му донесе на Ферари речиси половина милион долари
Следна Статија Оваа држава има одличен начин да го поттикне возењето велосипед! Со возење велосипед до работа може да се заработи до 800 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски на средба со раководството на 4IG, пакет од 100 милиони евра инвестиции во телефонијата, вештачката интелигенција и енергетиката

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, во рамките на 62. Минхенска безбедносна конференција, оствари средба со раководството на 4IG. Како што информира…

February 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ретки земни магнети: Колку реални се амбициите на Индија?

Индија има план од 800 милиони долари за производство на ретки земни магнети, со цел да ја намали зависноста од…

January 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Без структурни реформи не може да очекуваме економски раст поголем од 2.5 проценти

Просечниот годишен раст на јавниот долг во периодот од 2008 до 2024 година е 7 проценти и веќе надминува 60…

November 22, 2024
ЕКОНОМИЈА

„Магна“ со нова фабрика во Штип

Премиерот Христијан Мицкоски најави нова странска инвестиција во Штип. Како што изјави денеска, оваа недела ќе почне со работа производниот…

March 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?