Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема веќе купување од ТЕМУ без да платите данок: Пратките од странство до 22 евра ќе поскапат за 18%
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Нема веќе купување од ТЕМУ без да платите данок: Пратките од странство до 22 евра ќе поскапат за 18%
ЕКОНОМИЈА

Нема веќе купување од ТЕМУ без да платите данок: Пратките од странство до 22 евра ќе поскапат за 18%

Објавено October 9, 2025 09:13
Сподели
Сподели

Владата на Република Македонија го достави до Собранието Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност (ДДВ), со кој се предлага укинување на досегашното ослободување од плаќање ДДВ при увоз на пратки со мала вредност до 22 евра, испорачани од странство кон домашни примачи.

Со новите измени, ослободувањето ќе важи само за мали пратки од некомерцијална природа, испратени од физичко лице до физичко лице, доколку нивната вредност не надминува 22 евра во денарска противвредност. Исклучени се пратки што содржат алкохол и алкохолни пијалаци, парфеми, тоалетни води, како и тутун и тутунски производи.

Ова значи дека онлајн купувањата од странски веб-страници, без разлика на вредноста, ќе бидат предмет на оданочување со ДДВ, што ја усогласува земјата со европската пракса, имајќи предвид дека Европската унија уште во 2021 година го укина истиот праг за ослободување.

Иако Предлог-законот е веќе поднесен во Собранието, поради тековните локални избори не може да се стави на гласање во овој момент. Според најавите од Министерството за финансии, се очекува измените да бидат разгледани и изгласани на собраниска седница кон средината на ноември, веднаш по завршувањето на изборниот процес.

Од Министерството за финансии посочуваат дека измените нема да имаат негативни фискални последици врз Буџетот, ниту ќе бараат дополнителни финансиски средства за спроведување. Сепак, експертите предупредуваат дека поштенските оператори и Царината ќе се соочат со зголемен број пратки што ќе треба да бидат обработени со ДДВ-обврска, што може да создаде административен притисок.

Со измената на член 27-б од Законот за ДДВ се додава нова точка (2-а) и се брише старата точка (26-а), со што се затвора можноста за ослободување на пратки до 22 евра од странство.

Со укинувањето на ослободувањето од ДДВ, на удар ќе бидат најмногу малите пратки од платформи како Temu, Shein, AliExpress и слични онлајн продавници, преку кои македонските потрошувачи најчесто нарачуваат евтини производи под 20 евра. Овие пратки досега пристигнуваа без дополнителни давачки, но со новите измени ќе мора да минат царинска постапка и да се пресмета ДДВ, што ќе ја зголеми конечната цена за купувачите и може да го намали интересот за вакви нарачки.

Измената на Законот за ДДВ е мотивирана од растечката популарност на меѓународните платформи за онлајн купување, како што е кинеската платформа Тему, на која македонските граѓани во јуни 2025 година нарачале дури 250 тони стока. Според податоците на Царинската управа, 95 илјади килограми од овие пратки имале третман на мали пратки, за кои не биле наплатени давачки, додека останатите 150 илјади килограми биле обврзани со давачки во износ од 41,7 милиони денари.

Новите одредби ќе стапат во сила осмиот ден од објавувањето во „Службен весник на Република  Македонија“, по нивното усвојување од страна на Собранието.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еве како му оди бизнисот на Груевски во Унгарија, си исплатил дивиденда од 5.000 евра
Следна Статија Децата и младите кои ќе кршат низ Центар, и нивните родители, ќе мора да вршат општествено-корисна работа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: 450 камиони од Македонија не може да ја загрозат европската економија

„450 камиони од Македонија не може да ја загрозат европската економија, ЕУ треба да покаже вистински како седи зад своите…

January 28, 2026
ЕКОНОМИЈА

Азиските акции се подготвуваат да пораснат по намалувањето на каматните стапки од страна на ФЕД

Растот на акциите поттикнат од намалувањето на каматните стапки и оптимистичкиот економски поглед на претседателот на ФЕД Џером Пауел беше…

December 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Nvidia ќе врбува врвен кадар од AI чип стартап Groq преку лиценцен договор

Највредната компанија во светот ќе придобие инженер кој помогна во развојот на Google's Tensor Processing Unit чип програмата

December 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Раст од над 3 проценти на БДП, забрзување на градежништвото, раст на туризмот и земјоделството се добра препорака за странските директни инвестиции

Раст од над 3 проценти на БДП во изминатите четири квартали, забрзување на градeжништвото, раст на туримизот и земјоделстото. Сметам…

September 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?