Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Потпишан меморандум со „Казанџи груп“ – стратешки проект во енергетиката вреден 1 милијарда евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Потпишан меморандум со „Казанџи груп“ – стратешки проект во енергетиката вреден 1 милијарда евра
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Потпишан меморандум со „Казанџи груп“ – стратешки проект во енергетиката вреден 1 милијарда евра

Објавено July 22, 2025 13:28
Сподели
Сподели

Премиерот, Христијан Мицкоски, со претставник од компанијата „Казанџи Груп“ денеска потпишаа меморандум, со кој, според премиерот, се отвора простор за стратешки проект во енергетиката вреден 1 милијарда евра.

„Денеска испраќаме јасен сигнал дека имаме волја, план и капацитет да го обезбедиме својот енергетски суверенитет и да го заштитиме својот економскиот интерес на државата на долги патеки. Со потпишувањето на овој меморандум со „Казанџи Груп“, отвораме простор за реализација за значаен стратешки проект, вреден до една милијарда евра инвестиција што ќе има реално, практично и долгорочно влијание врз енергетскиот систем на државата“, рече Мицкоски.

Тој појасни дека проектот предвидува три главни компоненти: развој на нови капацитети за производство на електрична енергија; изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас и мерки за зголемување на сигурноста во снабдување со гас.

„Ова не е само инфраструктурен проект. Ова е проект што ја засега безбедноста, стабилноста и економската иднина на државата. Енергијата е основа за секој вид производство, за функционирањето на институциите, за нормалниот живот на граѓаните. Да имаме свој извор и стабилна дистрибуција значи да имаме сигурност, предвидливост и контрола врз еден од најважните системи во државата“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека со оваа инвестиција се отвораат и нови можности за индустријата, се поддржува гасификацијата, се отвораат нови работни места, и се зајакнува енергетската отпорност на државата. Истовремено, додаде Мицкоски, со развојот на домашни производствени капацитети се намалува зависноста од увоз и влијанието на надворешни ценовни и политички ризици.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бронзен медал за Македонија на Европската олимпијада по информатика за девојки која се одржува во Бон
Следна Статија Едногодишно бебе во болница откако се затруло со лекови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Голем полски трговски ланец потврди дека отвора маркети во Македонија

Полскиот ланец на дисконтни малопродажни продавници „Пепко“ потврди дека влегува на македонскиот пазар во јуни годинава. Првите продавници компанијата ќе…

March 21, 2026
ЕКОНОМИЈА

Велковски: Имаме 18 000 испразнети работни места, а 32 000 семејства на социјална помош

Илјадници работоспособни лица примаат социјална помош, додека голем број работни места и понатаму остануваат празни, вели заменик-министерот за социјална политика,…

December 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Последните 696 пари вредеа 16,7 милиони долари

Финалните пари произведени од американскиот монетен завод беа продадени во 232 лотови по три пари

December 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Дина Пауер Макормик се приклучува на Мета како Претседател и Потпретседател

Дина ќе биде член на раководниот тим на Мета, помагајќи во водењето на севкупната стратегија и извршување.

January 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?