Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: По изборот на јавен обвинител, голем број предмети ќе влезат во процедура, а јавноста ќе види кој ја води опозицијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: По изборот на јавен обвинител, голем број предмети ќе влезат во процедура, а јавноста ќе види кој ја води опозицијата
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: По изборот на јавен обвинител, голем број предмети ќе влезат во процедура, а јавноста ќе види кој ја води опозицијата

Објавено January 29, 2026 20:30
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски очекува, по изборот на јавен обвинител, голем број предмети држени во фиока да влезат во процедура и јавноста да види кој ја води опозицијата, како и што се случувало во Македонија седум години додека владееле СДМС и ДУИ.

Мицкоски, како што рече денеска од собраниската говорница одговорајќи на пратеничко прашање, рече дека очекува исто така со промените во Обвинителството голем број граѓани да се охрабрат и јавно да проговорат што сè доживеале за време на претходната влада.

Премиерот оцени дека изјавите на Жан Митрев се загрижувачки, но дека сепак, како што рече, не се нешто досега непознато во јавноста или нешто за кое не се коментирало во минатото.

– Тоа се изјави што кореспондираат со шпекулации што ние веќе сме ги слушале – за обиди за упад, преземање бизнис, користење службена положба за вршење влијание или притисок, но не е тоа единстеното нешто. Имам чувтсво дека во периодот што следува, а особено по изборот на јавен обвинител, голем број наши сограѓани ќе се охрабрат да споделат јавно свои искуства што ги доживеале со претходната влада и дека голем број предмети држени во фиока ќе добијат јавност и ќе влезат во процедура. Ако ова мое чувство се потрвди како точно, граѓаните ќе слушнат во детали што се случувало седум години и кој е тој што ја води опозицијата или опизициските партии во Македонија – истакна Мицкоски.

Тој дополни дека требало да поминат неколку дена за Обвинителството да почне истрага по тврдењата на Жан Митрев.

– Колку што сум информиран, тој рече дека има и докази. Очекувам, по презентирањето на тие докази, Обвинителството да си ја заврши рбаотата, а во перидот што следува имам чувство дека македонската јавност ќе види и ќе слушне што се случувало во Македонија седум години влада на СДСМ и ДУИ и што сè некои структури во државата морало да трпат во периодот на брутален напад и обиди за преземање бизнис, рекетирања. Повечето од предметите што беа држени во фиока ќе бидат извадени во јавноста и таа ќе види зошто и кои обвинители ги држеле во фиока, која е цената и зошто тоа е правено – потенцира премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ со законски измени ќе бара зголемување на минималната плата и замрзнување на функционерските плати
Следна Статија Работилница на Народната банка во Стопанската комора: Практични аспекти и предизвици за компаниите при вршењето плаќања преку СЕПА

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Изградбата на патиштата е повеќе од одлично со оглед на очекувањата

Со оглед на очекувањата – и повеќе од одлично, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан за темпото на изградбата на автопатиштата…

January 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ако извештајот на Вајц не помине и на 24 јуни, тогаш проблемот не се Бугари во Уставот, туку македонскиот идентитет и јазик

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека најголем дел од европратениците, пред се, оние кои се залагаат за вистинските европски вредности,…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стефановски: Oва е демонстрација на сила и праќање на порака за контрола и обележување на територии

Вчерашната прослава на албанското знаме која беше проследена со низа инциденти има ракопис на обид за дестабилизација. На прв поглед…

November 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Градоначалникот на Делчево првата плата ја донираше на највредниот комунален работник ВИДЕО

На својот прв работен ден, градоначалникот на Општина Делчево Иван Гоцевски од ВМРО-ДПМНЕ го започна мандатот со симболичен гест на…

October 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?