Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски по средбата со Фон дер Лајен: Државата очекува јасна посветеност од ЕУ, како потврда на европската перспектива и поддршка за граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски по средбата со Фон дер Лајен: Државата очекува јасна посветеност од ЕУ, како потврда на европската перспектива и поддршка за граѓаните
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по средбата со Фон дер Лајен: Државата очекува јасна посветеност од ЕУ, како потврда на европската перспектива и поддршка за граѓаните

Објавено October 15, 2025 19:37
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната средба во Владата со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, истакнал дека државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност, како потврда на европската перспектива и поддршка за граѓаните кои со децении остануваат посветени на европските вредности.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата се разговарало за европската перспектива, напредокот на реформските процеси, економската соработка, енергетската безбедност и дигиталната трансформација.

Премиерот Мицкоски ја истакнал решеноста на Владата да ја забрза евроинтеграцијата на државата преку конкретни резултати и исполнување на европските стандарди.

-Посетата на претседателката на Европската комисија претставува потврда на отворениот дијалог и заемната подготвеност за продлабочување на партнерството, во интерес на стабилноста, економскиот развој и европската иднина на земјата, стои во соопштението на владината прес-служба.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека од претстојната посета на Скопје на Фон дер Лајен и средбата со неа очекува реафирмирање на позицијата дека нашата стратешка цел останува полноправното членство во ЕУ, при што се надева дека во тој процес ќе има испорака и од страна на Унијата.

Претседателката на ЕК Фон дер Лајен завчера од Тирана ја почна својата тридневна турнеја низ земјите од регионот на Западниот Балкан, во чии рамки денеска допатува во Скопје. За време на престојот во Скопје Фон дер Лајен ќе се сретне и со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Син на обвинителка вмешан во шверц на луксузни автомобили
Следна Статија Ѓорѓиевски: БРТ и градски воз – проекти за решање на јавниот превоз и сообраќајниот хаос во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Адвокатката Јошевска вели: Јованов добил казна според европски стандард

Адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска од Скопје излезе со став за пресудата за младиот возач Васил Јованов, кој смртно ја прегази младата…

May 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бугарски европратеници жестоко притискаат против извештајот за Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека тој би бил најсреќниот човек доколку на 24 јуни биде усвоен извештајот на известувачот…

June 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сеизмолошките станици низ државава пред затворање

Mатематичкиот факултет во Скопје не може да смета на 13. привремени сеизмолошки станици кои ги добивме во 2023 година, во…

August 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Jавната администрација нема повеќе да биде партиски плен, туку професионална, ефикасна и ќе работи за граѓаните

Нашиот пат кон Европската Унија е повеќе од хармонизација на закони – тоа е создавање институции кои работат по европски…

September 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?