Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: По три децении започна реконструкцијата на Домот на култура „11 Октомври“ во Ченто
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: По три децении започна реконструкцијата на Домот на култура „11 Октомври“ во Ченто
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: По три децении започна реконструкцијата на Домот на култура „11 Октомври“ во Ченто

Објавено February 23, 2025 13:30
Сподели
Сподели

На мое задоволство денеска сум дел од еден вака убав настан којшто ќе реши еден проблем што трае, еве, само што добив информација, речиси три децении. Место коешто ќе добие нов лик, место коешто ќе го користат жителите на општина Гази Баба, зошто да не и од цело Скопје. Овој културен дом ќе претставува навистина убаво место, каде што ќе можат да се случуваат културни настани, рече денеска Премиерот Мицкоски на означувањето на почетокот на реконструкцијата на Домот на култура во Ченто.

Јас би сакал да ја искористам оваа прилика да честитам и на градоначалникот и на министрите и на сите оние коишто беа вклучени во овој процес, да отпочнеме со реализацијата на овој проект, бидејќи ценам дека на општина Гази Баба ѝ е потребно едно вакво место.

Продолжуваме и понатаму да финансираме како Влада, проекти за општините, капитални инвестиции. Веќе новиот повик е објавен, според она што го имам како информација, а тоа најдобро го кажа и градоначалникот. Веќе аплицираше општината Гази Баба со новите проекти, така што очекуваме, би рекол, динамична пролет и реализација не само на оние од првиот повик, туку и отпочнување на реализацијата на проектите од вториот повик.

Така што, уште еднаш дозволете ми да му честитам на градоначалникот, на пратениците, на советниците, на администрацијата во општина Гази Баба, на министрите, на сите оние кои беа вклучени во реализацијата и во подготовката практично на овој проект, кој по речиси три децении ќе добие нов лик, којшто ќе може жителите на општина Гази Баба да го користат и културно да се воздигнуваат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Божиновска: Завршува ерата на неточни броила, опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните
Следна Статија Андоновски: Целта е смарт-Македонија која со својот ИТ-кадар успева да се развие и да стане дигитално трансформирана држава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

За ГП „Табановце“ и „Богородица“ за влез во државава се чека повеќе од еден час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Табановце и Богородица, од македонска…

October 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

Локални избори 2025: Утре завршува јавниот увид во Избирачкиот список, кандидатските листи до 13 септември

Јавниот преглед на информациите од Избирачкиот список за Локалните избори 2025 завршува утре на полноќ, а два дена подоцна, на…

September 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави нов договор со европска држава

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Делчево изјави дека фокусот на Владата е да се реализираат странски инвестиции на цела територија…

May 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

НОМАГАС: Испораката на гас треба да се стабилизира утре

НОМАГАС АД Скопје попладнево соопшти дека известувањето од ЈСП Скопје за можни отстапувања и евентуални промени во возниот ред за…

October 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?