Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Прво завршени преговори со ЕУ, па уставни измени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Прво завршени преговори со ЕУ, па уставни измени
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Прво завршени преговори со ЕУ, па уставни измени

Објавено February 21, 2025 09:46
Сподели
Сподели

Ние како нација направивме се што можевме, претрпевме многу понижувања и прифативме многу лоши договори заради нашата европска перспектива и заради членството во НАТО- изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешното обраќање на настанот на Атлантскиот совет во Вашингтон посветен на иднината на транс-атлантските релации на Западен Балкан.

Фрустрациите помеѓу граѓаните на мојата земја се екстремно големи. Сведочам дека во време кога бевме во опозиција во 2018 многу луѓе од целиот свет, високи функционери од ЕУ, премиери од многу моќни НАТО земји, претседатели, членови на Европската комисија, не посетуваа и велеа само сменете го името овој пат веднаш ќе станете членови на НАТО, ќе почнете преговори со ЕУ и ќе ги завршите во период од 4-5 години и ќе станете дел од ЕУ. Тие 4-5 години поминаа пред 2 години и ние сме во иста ситуација како пред 20 години, но во меѓувреме го променивме знамето, валутата, името и се.

Премиерот истакна дека сега пред нас е ново барање за промена на Уставот и тоа не гарантира извесност не евроинтегративниот пат.

Кажете ми втор случај во Европа кој е барем од далеку сличен со нашиот, не зборувам за приближно сличен. Овој пат рековме, ако Pacta sunt servanda се применува за нас тогаш нека се применува за сите, ако ние испорачуваме тогаш очекуваме и другите да испорачаат“, рече Мицкоски и дополни: „затоа сега патувам нив светот сега да ја раширам приказната за македонската судбина, која е типичен пример за двојни стандарди.“

„Ние сега треба да ги внесеме неколку стотина наши сограѓани во уставната преамбула, што е опис на нашиот Устав. Зборуваме за бугарската заедница. Во нашиот устав ние имаме Македонци, Албанци, Срби, Турци, Бошњаци, Власи итн., па ако ги анализирате работите од таа перспектива тоа не е голема работа. Но зошто да ги внесеме во преамбулата? Можеби зборуваме за човековите права, можеби некој им ги крши човековите права на бугарската заедница? Кои сме ние политичарите да судиме дали нечии човечки права се нарушени? Има институција во Европа наречена Судот за човековите права во Стразбур која е одговорна да суди дали нечии човекови права се прекршени или не. И што вели таа институција во последните години? Тие беа јасни, 14 пати човековите права на македонската заедница во Бугарија биле прекршени, и 0 пати на бугарската заедница во Македонија. Четиринаесет наспроти нула. Како да им го појасниме ова на граѓаните, зошто го правиме ова, а не добиваме ништо. Затоа велиме бидејќи ова не е суштинско, бидејќи преговорите значат зајакнување на институции, подобрување на капацитетите на институциите, а не решавање на билатерални прашања. Ние рековме ќе го завршиме ова но кога ќе ги завршиме нашите преговори, затоа што се плашиме дека ова може да се претвори во бескрајна приказна и ќе следат нови и нови барања и никој не знае кога тоа ќе заврши“, истакна премиерот Мицкоски на настанот во Вашингтон во организација на Атлантскиот Совет.

Премиерот Мицкоски посочи дека кога се зборува за европската иднина треба да се зборува за заеднички вредности, за вештачката интелигенција, за добрата животна средина, за економијата, за подобро образование, а не за нешто кое се случувало во средниот век. Балканизацијата на Европската унија според него е проблем, затоа што ако се злоупотребуваат институциите во Брисел за решавање на билатерални прашања, тоа е различно од идејата на Де Гаспер, Шуман и Аденауер, основачите на европската заедница.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Доналд Трамп го смени бирото каде што синот на Илон Маск залепи мрсули
Следна Статија (Видео) Канада ги победи САД во хокеј; Трудо: Не можете да ни ја земете земјата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ќе се вработуваат 400 пожарникари за превенција од шумските пожари во летниот период

За справување со пожарите во летниот период, Владата со Оперативниот план за 2025 година предвидува вработување на 400 пожарникари. Со…

May 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски за средбата Мицкоски-Макрон: Францускиот претседател е неспорно лидер на Европа, а средбата говори и за личниот авторитет на премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски вчера во Будмпешта на самитот на Европската политичка заедница имаше многу значајна средба со претседателот на Франција…

November 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Се работи на целосно автопатско поврзување на Битола-Скопје

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ се обрати министерот за транспорт Александар Николоски. Николоски истакна дека…

August 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е трет ден Велигден, најсреќниот вторник во годината

Денеска е Воскресение Христово – Трет ден. Велигден, или празникот на Христовото воскресение е дефинитивно најголемиот христијански празник. Страдалната седмица…

April 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?