Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски пред Кошта: Доста ние како држава направивме во името на тие европски интеграции – патот е фрустрирачки, а уште не почнал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски пред Кошта: Доста ние како држава направивме во името на тие европски интеграции – патот е фрустрирачки, а уште не почнал
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски пред Кошта: Доста ние како држава направивме во името на тие европски интеграции – патот е фрустрирачки, а уште не почнал

Објавено May 15, 2025 13:11
Сподели
Сподели

„Треба да го испорачаме она за што сме се договориле и веќе нема простор да се бара нешто повеќе“, одговори Кошта на прашањето какви гаранции дава ЕУ за Македонија во однос на евентуални барања од Бугарија.

На ова одговори и премиерот Христијан Мицкоски.

-Кошта го пренесе ставот на ЕУ. Предлог потпишан во 2022-ра година од претходната Влада на СДСМ и ДУИ така што се суспендираше Парламентот затоа што за да се случи промена на Устав се потребни две третини. Знаете на каков начин се прифати тоа што се прифати. Нашиот став е јасен и принципиелен – ние тоа не можеме да го прифатиме без да видиме добра волја и испорака од соседната страна. Не можеме ние да менуваме Устав по којзнае кој пат, а без да имаме јасна порака и испорака од бугарската страна. Никој кај нас нема проблем да како дел од преамбулата ги вметне Хрватите, Црногорците, Словенците и останатите. Затоа што имаме принципиелен однос со тие држави. Дури ни Португалците, Шпанците, Французите. Немаме ние таков проблем, не сме таква Влада, такви граѓани или таков народ. Но имаме проблем и затоа сакаме да разговараме за да го решиме тој проблем. Ова е двонасочна улица, ако испорачува едната страна континуирано, а другата ништо тогаш нема цел, нема поента, рече Мицкоски на заедничката прес-конференција со Кошта.

Рече дека ако испшорачаат и двете страни, тогаш може да се направи договор.

-Јас очекувам процес на двонасочна улица ако е тоа возможно. Доста ние како држава направивме во името на тие европски интеграции и во името на европската иднина. Менувавме знаме, менувавме име, устав како никој до сега. Да, фрустрирачки е патот и тежок, но за нас е исклучително фрустрирачки и тежок и уште не почнал. Уште се наоѓаме онаму каде бевме пред 20 години, посочи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Нашата посветеност во процесот на евроинтеграции ќе остане и ќе се засили во периодот кој што следи
Следна Статија Кошта: Иднината на Македонија е во Европската Унија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против Фрчкоски – злоупотребил буџетски средства во САД

Поранешниот шеф на Шеф на Постојаната Мисија на Македонија при ООН во Њујорк, Љубомир Фрчкоски, заедно со уште три лица,…

May 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ќе се руши легендарната скопска сендвичарница „7“ во Центар

Легендарната скопска сендвичарница „7-ца“ во Центар ќе оди во заборав. Од 1 септември работи со скратено работно време, преку недела…

September 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дефектот на владиниот авион се случил на 3 декември, од Владата сметаат дека треба да се купи нов

Владиниот авион со кој претседателката Гордана Сиљановска-Давкова требаше да лета за Париз на отварањето на реновираната катедрала Нотр Дам, се…

December 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

На Попова Шапка 31 сантиметар снег, најмногу дожд во Крушево, Охрид и Претор

Најниска температура изутринава во 7 часот е измерена во Попова Шапка, - 4 степени, каде има и снежна покривка од…

January 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?