Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дефектот на владиниот авион се случил на 3 декември, од Владата сметаат дека треба да се купи нов
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Дефектот на владиниот авион се случил на 3 декември, од Владата сметаат дека треба да се купи нов
МАКЕДОНИЈА

Дефектот на владиниот авион се случил на 3 декември, од Владата сметаат дека треба да се купи нов

Објавено December 8, 2024 20:29
Сподели
Сподели

Владиниот авион со кој претседателката Гордана Сиљановска-Давкова требаше да лета за Париз на отварањето на реновираната катедрала Нотр Дам, се расипал на 3 декември. Со него патувал претседателот на Собранието Африм Гаши во Стокхолм, Шведска. За време на подготовката на авионот за лет кон Скопје и редовните активности и проверки на аеродромот во Стокхолм утврдена е неисправност на едниот од двата инструменти кои покажуваат температура на издувните гасови од моторите, објави порталот Сакам да кажам.

 Според прописите на производителот, неисправноста на еден таков инструмент не дозволува летачка операција ниту стартување на моторите се до негова замена. Нов инструмент стигна на 4 декември и веднаш по неговата замена и проверка, авионот е вратен во Скопје. Се прават додатни анализи и испитувања за со сигурност да можеме воздухопловот да го пуштиме во погон. Секогаш кога воздухопловот бил во погон бил целосно исправен и безбеден, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата Ивица Томовски.

Томовски во изјавата за Сакам да кажам наведува оти смета дека како држава треба да набавиме нов владин авион.

Од 2017 до сега сме потрошиле околу 3,5 милиони евра за поправки. Сметам дека треба да се купи нов авион и за тоа сум спремен да дискутираме во Собранието и да има консензус од сите политички партии. Сум разговарал со поранешните директори на Службата и сите сметаат дека ваква набавка е неопходна. Авионот покрај тоа што е стар, е и мал. Има место само за шест патници, што значи дека често не ја собира ни цела делегација, па придружбата на високите државници мора да оди со комерцијални летови, што е ем неефикасно, ем често пати и поскапо. Нам ни треба бизнис авион кој има најмалку 15 седишта, вели Томовски.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, како што соопшти синоќа нејзиниот Кабинет, не замина во Франција на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, поради дефектот на владиниот авион.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пет имиња го парализираат ChatGPT: „Не можам да одговорам“
Следна Статија Драма на Бит Пазар: Арачиновец пукал во воздух кога две лица го застанале и се обиделе да го извлечат од возилото

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопје втор на листата по најлош квалитет на воздух помеѓу главните градови во Европа

Главниот град на БиХ Сараево, е со најлош квалитет на воздухот за изминатата 2024 година на листата на главните градови…

April 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски – Орбан: Стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива со уште поголема динамика

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта имаше средба со претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбанr. Мицкоски на Фејсбук објави…

May 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дурмиши: СДСМ се служи со лаги и невистини, инспекторите од ДИТ се превземени во Министерството за економија и труд, исплатени им се сите заостанати плати

СДСМ повторно се служат со лаги и невистини. Вработените во Државниот инспекторат за труд да не се грижат!, објави на…

March 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Куртулмуш: Реална цел е трговскиот обрт меѓу Македонија и Турција да достигне две милијарди долари

Претседателот на големото Национално собрание на Турција Нуман Куртулмуш, кој е во прва официјална посета на Македонија, вели дека парламентарната…

December 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?