Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Преку вториот повик, имаме 828 потпишани проекти во сите општини во државата без разлика градоначалникот од која партија доаѓа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Преку вториот повик, имаме 828 потпишани проекти во сите општини во државата без разлика градоначалникот од која партија доаѓа
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Преку вториот повик, имаме 828 потпишани проекти во сите општини во државата без разлика градоначалникот од која партија доаѓа

Објавено July 31, 2025 17:31
Сподели
Сподели

На денешната седница за пратенички прашања во Собранието, пратеничката Драгана Бојковска му постави прашање на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски за капиталните инвестиции кои се однесуваат на општините од вториот повик од унгарскиот кредит, кои се проектите, какви се проектите и каков бенефит за граѓаните тие ќе носат.

„Ова за прв пат се случува во Македонија, ваков тип на инвестиција која што од Владата директно ќе биде наменета за општините. Во минатото сме сведоци на многу проекти од Владата кои што биле со одреден фокус и имале поинаква оптика и ова е сосема различен пристап. Јас сум многу задоволен бидејќи нема поубаво чувство кога ќе се организира настан и ќе се соберат градоначалниците од сите општини, од сите политички партии кои што имаат свои градоначалник, но и независни и кои што во мое присуство ќе потпишат договори за реализација на ваков тип на проекти. Овој проект преставува модел како треба државата да функционира, кога имаме заеднички интерес. Во случајот тој заеднички интерес се проектите во општините. И сите тие без да постои било каква замерка, дојдоа и потпишаа договори во една апсолутна хармонија, и тоа е примерот како треба да функционира. Од една страна е добро за граѓаните, кои не се тие кои треба да ја платат сметката поради политичките разлики кои ги имаат политичарите“, истакна премиерот Мицкоски.

Премиерот потенцираше дека имаме 1.200 градилишта, активни и идни, во државата и дека истото е добро за бизнисот, градежни компании градат булевари, спортски сали, паркови, училишта, градинки и други капитални инвестиции. Тој додаде дека до сега над 20 милијарди денари е вкупниот обем на инвестициите и процесот е целосно транспарентен.

„И самото тоа што никој не негира и негодува, туку напротив се заблагодаруваат и опозицијата и тоа е добро. Еве да речеме градоначалникот на една општина во југоисточна Македонија, излезе и јавно се заблагодари исто така и други градоначалници кои што се од опозицијата излегоа и се заблагодарија и овој пример треба да се следи. Тоа е добро затоа што од истата таа опозиција слушавме дека станувало збор за апсолутистичка власт, јас сум бил деспот, сум имал елементи на деспотско однесување, а од друга страна се заблагодаруваат на Владата што финансира и поддржува општини кои што не се само дел од власта, туку и од опозицијата“, објасни Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Локалните избори ќе се распишат до крајниот датум, вели Гаши
Следна Статија ЦУК апелира за внимателност за Илинден – да не се предизвика пожар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ангелов со предупредување пред Нова година: Ниедна прослава не вреди живот

Во пресрет на новогодишните и предновогодишните прослави, кога угостителските објекти се полни, а се организираат и бројни јавни забави, Дирекцијата…

December 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е голем празник: За многу години „Иванден“

Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат…

July 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска-Давкова по повод 11. Октомври: Исправени сме пред нови предизвици, од нас се бара зрелост, мудрост и храброст

„Ви упатувам срдечни честитки по повод 11 Октомври – Денот на народното востание! На денешниов голем празник, уште еднаш им…

October 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од Македонија

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“, времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 30 минути. На…

June 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?