Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Пристапот кон ЕУ стана подвижна цел, наместо системот на заслуги постојат двојни стандарди и билатерални спорови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Пристапот кон ЕУ стана подвижна цел, наместо системот на заслуги постојат двојни стандарди и билатерални спорови
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Пристапот кон ЕУ стана подвижна цел, наместо системот на заслуги постојат двојни стандарди и билатерални спорови

Објавено February 16, 2025 13:08
Сподели
Сподели

На денешниот настан во рамки на Минхенската безбедносна конференција наменет за пристапот на Балканот кон ЕУ, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека македонскиот пат кон ЕУ започна многу пред да започне евроинтегративниот процес на Албанија, дури и пред Хрватска, но за нас системот на заслуги е бајка.

Влада

„За нас бајката стана подвижна мета. Ние сме жртви на билатеризација или да бидам попрецизен, нашето придвижување кон ЕУ е многу комплексна. Наместо да ја донесеме Европа до Балканот, ние го донесовме Балканот во Европа. За жал има земји членки на ЕУ кои доаѓаат од Балканот кои донесоа билатерални спорови заедно со нив во Брисел, наместо бриселските вредности да ги донесат на Балканот“, рече премиерот Мицкоски на Минхенската безбедносна конференција.

Промената на името не беше единствен пример за мешање во внатрешните работи на суверена држава. Да ве потсетам тука беше и промената на знамето. Наш маркер е и останува да биде, да станеме дел од ЕУ, без сомнение. Слушам некои коментари тука дека имало говор во текот на првиот ден од американскиот заменик-претседател Венс и дека тој говор значел големо мешање во внатрешните работи. Промената на името, промената на знамето, промената на валутата, што се? Не се мешање во внатрешните работи. Колку долго треба да патиме од двојните стандарди? Ние тука не зборуваме за процес заснован на системот на заслуги, ние зборуваме за билатерални спорови кои не треба да имаат ништо заедничко со европските вредности“, дополни Мицкоски.

Влада

„Ние како држава имаме целосно усогласена надворешна и одбранбена политика со ЕУ. Ние сме меѓу петте земји најголеми донатори на Украина по глава на жител исто го исполнивме условот од 2% за одбранбени трошоци на годишно ниво. Ние сме целосно усогласени со барањата за надворешната и одбранбената политика. Морам да го истакнам ова прашање, кога Русија го напаѓа и го негира украинскиот идентитет, за што и претседателот Зеленски зборуваше вчера, ние сме сите гласни, критикуваме, се бориме за правата на украинскиот народ и против оваа невидена агресија, но кога парламент на една земја членска од ЕУ го напаѓа и го негира македонскиот идентитет и мојот македонски мајчин јазик, тогаш сите молчат“, заклучи Мицкоски и дополни дека Европа нема да биде обединета без сите европски земји. Овој процес ќе трае додека сите аспиранти земји не станат дел од заедничката маса со останатите земји членки на ЕУ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шефот на „Епл“ најави нов производ: „Запознајте го новиот член на семејството“
Следна Статија Пожар во магацин за производство на полиестер во Врапчиште, повреден пожарникар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Најдобрите студенти од Факултетот за безбедност директно ќе се вклучуваат во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“, каде што присуствуваше…

December 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судскиот совет ќе врши увид во постапувањето на Основниот суд Битола по предметот „Марковски

Судскиот совет на денешната седница донесе одлука за формирање работна група за увид во предметот за постапување и одлучување на…

January 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Втор протест на медицинските сестри во Tетово

Десетици медицински сестри и технички персонал со нерешен работен статус, денеска повторно протестираа пред Клиничката болница во Тетово. Освен што…

June 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Разрешувањето на Државниот обвинител Коцевски денеска пред пратениците

На пленарна пленарна собраниска седница се очекува да биде ставен предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо…

December 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?