Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судскиот совет ќе врши увид во постапувањето на Основниот суд Битола по предметот „Марковски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Судскиот совет ќе врши увид во постапувањето на Основниот суд Битола по предметот „Марковски
МАКЕДОНИЈА

Судскиот совет ќе врши увид во постапувањето на Основниот суд Битола по предметот „Марковски

Објавено January 28, 2026 17:32
Сподели
Сподели

Судскиот совет на денешната седница донесе одлука за формирање работна група за увид во предметот за постапување и одлучување на Основен суд Битола, поврзан со случајот „Марковски“.

Советот, на предлог на членот Ивица Николовски, со 11 гласа „за“ донесе одлука за формирање работна група што ќе проверува дали Основниот суд Битола постапил согласно законските надлежности при укинувањето на притворот на сопственикот на „Марковски компани“, Борче Марковски, во замена за гаранција од 4,9 милиони евра.

– Сите сме сведоци, сите ги читаме секојдневните написи на електронските медиуми во кои се изнесуваат наративи или содржина со кои се осудува постапувањето на тој суд или се нарушува угледот на судот. И затоа сметам дека како надлежна институција која ја следи работата на судовите треба да се изврши увид и да се констатира една состојба што е што – изјави Николовски.

За членови на работната група беа избрани Павлина Црвенковска, Данка Ристова и новата членка на Советот, Сузана Јошевска-Анастасовска.

Марковски е еден од осумте обвинети за злоупотреби на тендерот за дислокација на погонските единици од рудникот „Осломеј“ во рудниците на РЕК „Битола“, вреден 1,7 милиони евра.

Основното јавно обвинителство Битола на 9 октомври отвори истражна постапка против осум физички и едно правно лице за продолжени кривични дела поврзани со јавни набавки во РЕК Битола, меѓу кои и Борче Марковски, сопственик на „Марковски компани“. Кон крајот на октомври минатата година судот на барање на ОЈО Битола замрзна имот во Србија и Македонија на Борче Марковски.

Битолскиот суд на 16 јануари годинава, постапувајќи по жалба на обвинетиот, донесе одлука за укинување на притворот и определување мерки на претпазливот на Марковски во замена за гаранција во движен и недвижен имот. По реакциите во јавноста Основниот суд Битола излезе со сопштение.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада
Следна Статија Форум за разумни политики: Димовска треба да се повлече од функцијата поради истрагата против нејзиниот брат во врска со „Пулс

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Целосно изгаснат пожарот во Чаир, состојбата во становите допрва ќе се утврдува

Утрово во 06.00 часот е добиена информација од БППЗ на Град Скопје дека пожарот се уште бил активен и на…

October 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост

Денес, премиерот Христијан Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост во чест на жртвите од трагичниот…

March 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Истрагата за трагедијата во Кочани проширена на повеќе лица

Во повеќе градови низ државава синоќа се одржаа собири во спомен на жртвите од трагичниот пожар во дискотека „Пулс“ во…

March 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Од Охрид почна промоцијата на порталот на кој ќе има 200 електронски услуги за граѓаните

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска беше присутен во Охрид, каде што го означи почетокот на кампањата за промоција…

August 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?