Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада
МАКЕДОНИЈА

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада

Објавено January 28, 2026 17:30
Сподели
Сподели

Петмина кандидати се пријавија на огласот на Собранието за јавен обвинител на Република Македонија и нивните кандидатури денеска се пратени во Владата, информираат за МИА од собраниската прес-служба.

Од таму имињата на кандидатите не ги откриваат, но како што некои од пријавените и сами потврдија, станува збор за сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчeвски, и обинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека Владата ќе го каже својот став во однос на изборот на нов републички јавен обвинител откога за тоа ќе се произнесе Советот на јавните обвинители.

Сега постапката е да се произнесе Јавното обвинителство, односно Советот на јавните обвинители, да почекаме тие да се произнесат, а потоа Владата ќе излезе со свој став“, рече Мицкоски во одговор на новинарски прашања по увидот на инфраструктурните проекти во општина Гази Баба.

Еден од петмината пријавени би требало да го наследи Љупчо Коцевски, кој поднесе неотповиклива оставка во декември лани, а на негово место како в.д. државен јавен обвинител дојде обвинителката Тополова-Исајловска, која беше единствен кандидат, но не може да биде на позицијата подолго од шест месеци.

Постапката за избор на нов државен јавен обвинител почна со огласот што го распиша Собранието на 12 јануари годинава, со рок за пријавување од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“. Кандидатите мора да имаат непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.

Според Законот за Јавното обвинителство, добиените кандидатури се препраќаат до Владата. По пријавувањето, Владата бара мислење од Советот на јавните обвинители за сите кандидати. Советот е должен да достави образложени мислења во рок од 15 дена. Доколку Советот не даде позитивно мислење за ниеден од пријавените кандидати, Владата не може да утврди предлог и му предлага на Собранието распишување нов оглас. Со 61 глас од пратениците ќе треба да биде избран новиот државен јавен обвинител.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бараме поголеми плати – порачаа работниците на протестот на ССМ
Следна Статија Судскиот совет ќе врши увид во постапувањето на Основниот суд Битола по предметот „Марковски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Костадиновски со апел до Собранието и Судски Совет: Итно изберете судии, Уставен работи со намален капацитет, но без компромис

Во услови на динамични политички процеси, жестоки притисоци и обиди за влијанија, Уставниот суд успеа да остане цврст столб на…

December 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Трае штрајкот со глад во струшкиот затвор

Втор ден штрајк со глад на дел од затворениците во затворот во Струга. 13 затвореници започнаа со штрајк поради тоа…

May 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судијата Димовски го тужи Судскиот совет пред Управниот суд

Шест судии кои Судскиот совет ги унапреди односно ги префрли од Граѓански во Апелациски суд може да не дојдат до…

June 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Што се случувало неколку моменти пред Гоце Делчев да биде убиен

Според сеќавањето на Катерина Демерџиева, жителка на с. Баница, тогаш на возраст од 14-15 години, малку фалело за Гоце да…

May 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?