Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Форум за разумни политики: Димовска треба да се повлече од функцијата поради истрагата против нејзиниот брат во врска со „Пулс
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Форум за разумни политики: Димовска треба да се повлече од функцијата поради истрагата против нејзиниот брат во врска со „Пулс
МАКЕДОНИЈА

Форум за разумни политики: Димовска треба да се повлече од функцијата поради истрагата против нејзиниот брат во врска со „Пулс

Објавено January 28, 2026 17:41
Сподели
Сподели

Форумот за разумни политики го објави првиот анализиран случај во рамки на Индексот за политички интегритет, чија цел е јавно адресирање на прашања поврзани со интегритетот, етиката и одговорноста на носителите на јавни функции.

Првиот случај се однесува на в.д. претседателката на Основниот кривичен суд во Скопје, Даниела Димовска, во контекст на судските постапки поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Димовска е сестра на еден од обвинетите за Кочани, инспекторот во УЈП, Драган Паунов.

Анализата ја оценува состојбата во категоријата етичка култура, при што, врз основа на јавно достапни факти и утврдени индикатори, е доделена негативна вредност во рамки на Индексот.

Во документот се нотираат индиции за можен конфликт на интереси и околности што можат да влијаат врз довербата на јавноста во правичното и неселективно постапување на судските институции.

Форумот за разумни политики упатува препорака до Судскиот совет да отвори предмет, да ги разгледа околностите наведени во анализата и, доколку утврди основ, да постапи во насока на заштита на интегритетот на судството и довербата на граѓаните во правдата.

Потоа, Форумот бара повлекување од функција на в.д. претседателката на Основниот кривичен суд Скопје со цел обезбедување доверба во процесот на судење на случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“. Дали в.д. претседателката Даниела Димовска знаела за вмешаноста на нејзиниот брат во претходната работа на дискотеката станува секундарно прашање. Со нејзиното неповлекување од функцијата, откако се отвара нова истрага и нејзиниот брат е осомничен, нејзиниот интегритет е потенцијално компромитиран поради можноста да влијае врз судењето и врз судиите на кои им е претпоставена.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судскиот совет ќе врши увид во постапувањето на Основниот суд Битола по предметот „Марковски
Следна Статија (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Скопското Кале е чисто и уредено

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дрин тврди дека само доцнел со уплатите за експлоатација на минерални суровини од рудник

Дрин Ахмети завчера даваше исказ во Обвинителството за организиран криминал за злоупотреба на концесијата за рудник кај Кичево откако МВР…

January 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пандов: Затворски банди нарачале да ми се запали куќата, како одмазда за борбата против криминалот што ја почнав

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов вечерва изрази сомнеж дека затвореници или банди во затворите кои се под…

April 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Состојбата во Трубарево е под целосна контрола

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето…

September 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Заврши маршот на семејствата на настраданите во „Пулс“ во Скопје

Со средба со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заврши денешниот марш на семејствата на настраданите во дискотеката „Пулс“ во…

April 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?