Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Пуштена нова делница од автопатот Кичево – Охрид, ова е силен доказ дека Македонија се движи напред
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Пуштена нова делница од автопатот Кичево – Охрид, ова е силен доказ дека Македонија се движи напред
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Пуштена нова делница од автопатот Кичево – Охрид, ова е силен доказ дека Македонија се движи напред

Објавено September 7, 2025 13:17
Сподели
Сподели

Пуштањето на уште еден дел од делницата Кичево – Охрид, е силен доказ дека Македонија се движи напред, се гради и се надминуваат долгите години на застој, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски на пуштањето на делницата Климештани-Охрид во должина од 17 километри, во близина на охридскиот аеродром Свети Апостол Павле,

-Автопатот Кичево-Охрид, е од стратешко значење за нашата земја. Тој е главна артерија за поврзување на југозападна Македонија со остатокот од државата и со Охрид. Град кој не е само наш туристички бисер, туку и светско културно наследство. Со овој автопат Охрид и целиот регион добиваат нова енергија за развој, нови шанси за туризмот и нова перспектива за економијата. Со побрзо, полесно и побезбедно патување, овој автопат ќе донесе повеќе туристи, повеќе инвестиции и повеќе можности за локалната економија. Ќе се скрати времето на патување, ќе се олесни транспортот на стоки и услуги и ќе се отвори простор за нови бизниси и нови работни места, рече премиерот.

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид, според него, речиси една деценија бил симбол на закочени и недовршени работи.

-Граѓаните со право беа разочарани. Гледаа градилишта кои стојат, а не патишта што се користат. За жал поради таквата слика голем дел од наште сограѓани и го оставија својот живот овде. Денес ја менуваме таа слика. Денес покажуваме дека таму каде што имаше застој има решение, таму каде што имаше недоверба има резултати, подвлече Мицкоски.

Оваа Влада, нагласи, не гo троши времето на изговори, туку на работа.

-Oва е нашата визија, Македонија на дела, не на изговори. Ова е доказ дека можеме да го оставиме зад себе периодот на застој и да го отвориме патот на развојот. Ќе продолжиме вака да градиме да завршуваме почнати работи и да создаваме ноив перспективи за секој регион и за секој граѓанин, рече претседателот на Владата.

Тој потсети дека за година и половина оваа Влада ги ставила во употреба делниците Градско-Фариш од 25,7 километри,  Страцин – Крива Паланка од 25,5 километри, Врбјани – Ботун од околу 20 километри.

-Тоа се 70 километри нови патишта и со оваа делница од Кичево до Охрид бројката ќе достигне 87,5 километри. И тоа за помалку од година и половина. Тоа не се зборови тоа се дела, додаде Мицкоски.

Според него, опозицијата ќе измислува невистини и ќе се обидат да конструираат многу работи за нанесување политичка штета на Владата.

Но, ние немаме потреба да реплицираме на таквата политика на црни мисли, политика која ја турка Македонија назад. Ние ќе работиме ќе градиме за разлика од тие кои што беа влада на СДСМ и ДУИ, кои седум години не направија ништо и само крадеа. Тоа е суштинската разлика меѓу едната и другата влада, рече Мицкоски во обраќањето.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ФОТО: Тинејџер од Бугарија уапсен на граница, носел пиштол, муниција и ножеви
Следна Статија Лафчиски: Директна воена закана за државата нема, моменталната безбедносна состојба е стабилна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Заврши 17-от„Марш на ангелите“ во Кочани

Заврши 17-от Марш на ангелите во Кочани кој денеска повторно се одржа откако минатата сабота паузираше поради верскиот и државен…

August 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Клековски обелодени: Констатирани злоупотреби во повеќе здравствени установи

Фондот за здравствено осигурување констатирал многу злоупотреби во повеќе здравствени установи во земјава. Директорот Сашо Клековски во интервју за „Алсат“…

December 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Наставниците трпат притисок од родителите за децата да им бидат „скроз одлични“, оценувањето мора да се промени

Квалификациско тестирање е по закон и е предвидено со Конкурсот за упис на ученици, рече министерката за образование и наука…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонија од држава за потсмев во криза, сега е фактор на енергетска стабилност

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на собраниската седница за пратенички прашања за состојбите и плановите во енергетскиот сектор, потсети на моментите…

March 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?