Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Објавено July 4, 2025 12:55
Сподели
Сподели

Македонија е свесна за демографските проблеми со кои се соочува и нема проблем да го признае тоа, рече Премиерот Мицкоски во обраќањето на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“ која утрово се одржа во Владата.

Премиерот рече дека во насока на поттикнување на наталитетот, Владата сериозно размислува за воведување на посебни даноци за лицата кои не стапиле во брак „Оваа Влада не го премолчува проблемот, го именува, го признава и се бори со него. Но, што значи таа борба? Тоа не е борба со едно министерство, тоа е борба на сите нас. Борба што се води во градинките, во училиштата, во родилиштата, во домовите, во иселеничките клубови, на граничните премини каде се простуваат мајки и синови. Се надевам, професор Јаневска, дека оваа година читанката нема да биде “Мама, тато и јас”, туку ќе биде “Бато, дада, јас, мама и тато”. Затоа нашата борба е да го направиме животот овде вреден. Да го направиме мајчинството благослов, а не товар.

Да им дадеме на младите причина да останат. Да изградиме институции што не ја трошат туѓата младост, туку ја негуваат. Да изградиме држава во која надежта е поважна од пасошот. Знаеме дека нема магично решение, но има намерна, постојана државничка борба. И ние ја почнавме. Секоја мерка, секоја инвестиција, секоја политика што ја носиме е со цел да ја вратиме вербата. И тука сериозно размислуваме за воведување дополнителни даноци за немажени и неженети.“ – рече премиерот Мицкоски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија До каде оди криминалот: Крим техничар од шкаф на работа украл 25.000 евра и злато од 50.000 евра
Следна Статија Поднесено обвинение против директорот на „Геријатрија“ за примање поткуп од 20.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Земјотрес регистриран утринава во близина на Тетово

Послаб земјотрес регистриран утринава во северозападниот дел на земјава со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала. Според информациите на…

March 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Николоски – Ле Риголер: Унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Франција

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со заменик министерката Калтрина Зеколи Шаќири, денеска остварија работна средба…

June 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Митева: Мораме да размислуваме за интересите на државата со разумност и одговорност, а не со политика

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Марија Митева, денес одржа прес-конференција во Медија центарот на Владата. Одговарајќи на новинарско прашање…

January 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

За два дена направени педесетина контроли, само 22 објекти имале важечки лиценци

Во изминатите два дена државните пазарни инспектори спровеле педесетина контроли во објекти на целата територија на државата при што повеќе…

March 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?