Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски раскажа за најтешкиот ден во неговиот живот: Ми рекоа дека првите 72 часа се клучни, немав време за долго размислување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски раскажа за најтешкиот ден во неговиот живот: Ми рекоа дека првите 72 часа се клучни, немав време за долго размислување
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски раскажа за најтешкиот ден во неговиот живот: Ми рекоа дека првите 72 часа се клучни, немав време за долго размислување

Објавено May 12, 2025 12:35
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го откри најтешкиот ден во неговиот живот – трагичниот 16 март, кога во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 62 млади луѓе.

Говорејќи на Самитот „Македонија 2025“, Мицкоски се наврати на таа мрачна ноќ, која, како што рече, засекогаш ќе ја памети.

– Беше околу 3:30 наутро кога некој затропа на вратата од мојот дом. Пред мене стоеше човек од обезбедувањето на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Не знаев што се случува, бидејќи телефонот не го погледнав додека спиев. Кога ја видов пораката, веднаш се мобилизирав и заедно со мојот тим се упативме кон Кочани – раскажа премиерот.

Во градот веќе пристигнал министерот Тошковски, а Мицкоски заедно со него заминал во полициската станица.

Сепак, вистинската тежина дошла со носењето одлуки – особено кога почнала да пристигнува помош од странство.

– Тоа беа моменти кога требаше да се одлучи брзо, но мудро. Немаме совршени односи со дел од соседите, особено со еден, и кога ќе пристигне понуда за помош, веднаш размислувате и за политичките и за човечките последици – изјави Мицкоски.

Според него, медицинските експерти биле јасни – тешко повредените не смеат да се транспортираат, но во исто време предупредиле дека доколку останат, голем број нема да преживеат.

– Ми рекоа дека првите 72 часа се клучни. Немав време за долго размислување. За неколку секунди ја прифатив понудената помош и го презедов целиот ризик на себе – нагласи премиерот.

Првите 50 пациенти биле транспортирани веднаш, а потоа, како што рече, почнала да стигнува поддршка и од други земји.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ина Многуфина: За некоја година ќе си гледаме на јутјуб како да си пуштиме сами инфузија, лани си отишле 2000 медицински сестри од државава
Следна Статија Завршни зборови во повторениот судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресудата на 16 мај

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Чест ми е што сум меѓу гостите на Макрон

Чест ми е што сум меѓу гостите на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон кој е домаќин на глобален настан…

June 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје прв најзагаден град во Европа

Скопјани и денеска се разбудија во смог. Според податоците од веб-страницата IQAir, Скопје утрово е прв најзагаден град во Европа, а…

November 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе создадеме стратешки документ кој што ќе биде патоказ за сите идни Влади

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на Националната развојна стратегија, која…

October 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Требаше да прескокаш трупови, за да влезеш во болницата: Брат на повредена во дискотеката на смртта, со потресно сведоштво

Брат на девојче (16) кое е повредено во невидениот пожар во дискотека во Кочани, во кој загинаа најмалку 51 лицe,…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?