Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Регулаторната комисија ќе ги намали акцизите за дизелот од 4 денари за литар, а за бензините 2 денари за литар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Регулаторната комисија ќе ги намали акцизите за дизелот од 4 денари за литар, а за бензините 2 денари за литар
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Регулаторната комисија ќе ги намали акцизите за дизелот од 4 денари за литар, а за бензините 2 денари за литар

Објавено April 6, 2026 17:08
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека имаме стабилни количини гориво и не треба да има никакви стравувања, иако потрошувачката е зголемена на дневна основа пшоради притисокот на одрдени погранични места.

– Од аспект на количини сме стабилни, имаме доволно, тука не треба да имаме никакви стравувања, зголемена е потрошувачката, од 1,5 милион литри на ден на два милиони литри на ден. Имаме притисок на одредени погранични места, ја продолживме и мерката 18 на 10 проценти ДДВ сè со цел да го заштитиме стандардот на граѓаните и бизнисите – изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посета на комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што беа пуштени во употреба шест комплетно реновирани операциони сали.

Тој повтори дека со вчерашната одлука на Влада овозможиле Регулаторната комисија да ги намали акцизите за дизелот 4 денари за литар, а за бензините два денари за литар.

– Исто така, во разговор со „Окта“, лично разговарав и со раководството на „Хеленик петролеум“ во Атина, но и со раководството на „Окта“ тука во Скопје, и успеавме да обезбедиме дополнителен период од еден месец за оние три денари за литар дизел и два денари за безоловен. Кога сето ова ќе се стави во функција, тогаш за бензините треба да имаме и поевтина цена од онаа што е сега, а за дизел-горивата не би требало на одредени бензиски пумпи да имаме покачување и покрај тоа што имаме сериозна предизвикувачка состојба во државата, но и насекаде во светот – рече Мицкоски во одговор на прашањето каков ефект очекува со намалувањето на акцизите на горивата.

Премиерот рече дека она што претставува цел на Владата е да бидеме фактор на стабилност.

– И тоа го правиме, онаа Македонија што коленичеше и молеше повеќе не постои, сега имаме Македонија што помага, од која бараат помош, која рефлектира стабилност во регионот, зрелост и на тој начин ќе се однесуваме како Влада и во иднина и ќе ја следиме состојбата. Утринава, откако берзите на исток постепено ја намалуваат својата цена на продуктите, но да видиме како ќе затвори денот и да видиме како ќе затвори неделата, за да можеме да имаме некаков репер во врска со берзите, да знаеме какви ќе бидат цените на дизел-горивото и на безоловниот бензин со 95 и 98 октани – рече Мицкоски. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Со оваа технологија пилешкото месо може да стои 20 дена без да се расипе
Следна Статија Трамп пресече: Утрешниот рок за постигнување договор со Иран е конечен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ССК призна дека ја излажал Комисијата за заштита на конкуренцијата за картелот на маркети

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) признал дека ја лажеле Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) околу состаноците на…

March 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонските аеродроми меѓу најбрзо растечките во Европа, со рекорден раст од 31% во патничкиот сообраќај

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП…

June 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Захарова: Германија го води народот до раб на бездната, нивните компании банкротираат на секои 20 минути

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека германските власти, со одбивање на испораки на руски…

March 21, 2026

Зошто Волстрит е незадоволен со изборот на Трамп за шеф на Федералните резерви

Инвеститорите добиваат нешто што најмногу го мразат: несигурност.

February 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?