Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Секој твој глас, секоја твоја борба, секој твој ден е дел од големата приказна што ја пишуваме заедно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Секој твој глас, секоја твоја борба, секој твој ден е дел од големата приказна што ја пишуваме заедно
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Секој твој глас, секоја твоја борба, секој твој ден е дел од големата приказна што ја пишуваме заедно

Објавено October 15, 2025 14:05
Сподели
Сподели

Писмо за тебе и за нашиот заеднички избор!, објави на својот фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Драги мои,

Секој од нас има своја приказна.

Твојата почнува таму каде што чекориш секој ден – по твојата улица, низ твоето маало, во твојот град.

Таму беа првите радости и првите таги. Првите победи и првите порази.

Таму ги живееше првите подвизи и првите разочарувања.

Таму се твоите соништа, твоето семејство, твоите надежи. Твоите најважни мигови.

Секој од нас во срцето носи една тивка мапа – од улици, агли и дворови што нè изградија и ни дадоа сила.

Места каде што првпат паднавме и повторно се исправивме.

Каде што ја сретнавме првата љубов.

Каде што ја научивме најважната лекција – дека животот е борба, но и надеж.

Тоа маало, тој град, таа земја – тоа сме сите ние заедно.

Нашата историја. Нашата болка. Нашите соништа.

Знам дека понекогаш изгледа тешко.

Знам дека си се прашал – „Дали вреди?“

Но верувај – вреди. Секој твој глас, секоја твоја борба, секој твој ден е дел од големата приказна што ја пишуваме заедно.

Денес ти пишувам тебе со благодарност.

Благодарност што и кога беше најтешко, ти не ја изгуби надежта.

Благодарност што веруваш дека Македонија може повеќе.

Што веруваш дека твоето место заслужува подобро.

Што веруваш дека твоето семејство има право на сигурна иднина.

Јас сум свесен за тежината на очекувањата.

Свесен за наследените проблеми и разочарувања.

Но верувам дека вистинските промени не доаѓаат како молња, туку како изгрејсонце – тивко, но неизбежно.

Прво зрак, потоа светлина, па ден. И тој ден ќе биде наш.

Твојот глас е повеќе од политика.

Овој избор не е партиски – тој е човечки.

Тој е за твоето маало, за твоето семејство, за твојата иднина.

Тој е избор за твојата улица, твојата градинка, твоето училиште, твојот парк.

Тоа е избор дали ќе останеме исправени и ќе одиме напред, или ќе дозволиме да нè вратат назад – таму каде што се губеше надежта, а се рушеше довербата.

Знам што значи да имаш свој човек.

Тоа е оној што не те остава сам.

Човек на кого можеш да се потпреш.

Човек што знае дека да бидеш човек значи да бидеш од корист за другите.

Тоа е твојот човек.

Драги мои,

Ова не е само политичка промена. Ова е промена на животите, на надежта, на нашата заедничка иднина.

И кога ќе се прашаш – „Дали имам свој човек?“, сакам да знаеш: Имаш.

И кога ќе се прашаш – „Дали моето место има иднина?“, сакам да знаеш: Има.

И кога ќе се прашаш – „Дали оваа земја има време?“, сакам да знаеш: Времето на Македонија допрва доаѓа.

Тоа е времето кога секој од нас ќе каже: „Да, вредеше.“

Вредеше затоа што имав свој човек.

Вредеше затоа што моето место продолжи да расте.

Вредеше затоа што имам иднина – тука, во мојата земја.

Ве повикувам, како ваш сосед, пријател и сограѓанин:

излезете на овие избори со надеж, оптимизам и со непоколеблива волја.

Бидете силата на промените и иднината.

Направете го вистинскиот избор.

Со твојот човек. За твоето место. За твојата иднина.

Со верба, љубов и надеж,

Христијан Мицкоски

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Никој не прифаќа вина за трагедијата во дискотеката „Пулс“: Обвинението затрупано од приговори
Следна Статија Филипче: Економската состојба во државата е алармантна, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарда евра на крајот на годината

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

На „Фејсбук“ има лажен профил на Филипче со несоодветни содржини, алармираат од СДСМ

Лажен профил на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, бил креиран на социјалната мрежа „Фејсбук“, информираат од партијата, алармирајќи граѓаните да…

January 15, 2025
ПОЛИТИКА

СДС знаел за криминалот на Груби од црната листа и оној од Лотарија, а не реагирале за да не падне владата

СДС знаел за криминалот на Груби од црната листа и од Лотарија, не реагирале за да не падне владата. СДС…

December 19, 2024
ПОЛИТИКА

Шукова: Со дигитализацијата на услугите Скопје ќе биде водечки паметен град во регионот

Со дигитализацијата на услугите Скопје ќе биде водечки паметен град во регионот, најавува кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ,…

October 5, 2025
ПОЛИТИКА

Димитриевски објави убедливо водство во Куманово

Избори според скандинавски модел, ваква е оценката на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски за денешниот изборен ден. Овој пат како…

October 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?