Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таравари е одлучен да се врати во прегратките на Али Амети и ДУИ, следната недела ќе имаме завршно пиење кафе, вели Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Таравари е одлучен да се врати во прегратките на Али Амети и ДУИ, следната недела ќе имаме завршно пиење кафе, вели Мицкоски
МАКЕДОНИЈА

Таравари е одлучен да се врати во прегратките на Али Амети и ДУИ, следната недела ќе имаме завршно пиење кафе, вели Мицкоски

Објавено May 11, 2025 15:34
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска посочи дека Владата е стабилна, има огромно мнозинство и е фокусирана на реформската агенда и испорака на проекти. 

Тој најави дека следната недела се очекува да има завршна средба со министерот за здравство Арбен Тараври, на која ќе биде сумирано се што е направено.

-Мислам дека господинот Таравари и неколкумина околу него се одлучени да се вратат во прегратките на Али Ахмети и Демократската унија за интеграција. Јас можам само да му посакам среќа и се надевам дека ќе имаме една завршна средба во текот на следната недела, на која ќе сумираме што е тоа што е направено. Јас можам да му посакам пред се добро здравје, тоа е она кое на сите нас ни е најважно, изјави денеска Мицкоски по увидот во градежни активности на детска градинка во Инџиково, во Општина Гази Баба, одговорајќи на новинарско прашање

Тој рече дека станува збор за одлука на Таравари да се врати со Али Ахмети, но не е одлука на членството на Алијанса за Албанците и на голем дел од луѓето кои што се дел од Владата.

-Морам да кажам дека најмалку што очекував е да се врати назад во прегратките на Али Ахмети и останатите, но тоа е сепак негова одлука. Убеден сум дека тоа е одлука на малкумина, не е одлука на членството на Алијанса за Албанците и на голем дел од луѓето кои што се дел од оваа Влада. Чесно беше и доблесно самиот тоа да го направи, да не ја влече Владата за нос и граѓаните, но полека но сигурно станува јасно дека тој се враќа назад во прегратката на сите оние кои што повеќе од две децении ја пустошеа, ја криминализираа, ја ограбуваа, ја фрлија Македонија на колена, рече Мицкоски.

На прашање дали разговара со други партии за влез во Владата, Мицкоски уште еднаш повтори дека Владата е стабилна и има силно мнозинство во Парламентот.

-Очекувам оваа недела да имаме едно завршно кафе пиење со Тараври. Јас ќе го поканам се разбира. Владата е стабилна, цврста и има силно мнозинство во Парламентот, за да продолжи со реформскиот процес, со процесот на проекти и со испорака за граѓаните, тоа што граѓаните го очекуваат од нас, рече Мицкоски.

На 5 мај Мицкоски и Таравари остварија средба, која беше закажана по превирањата во коалицијата „Вреди“ и тврдењата за соработка на Таравари со ДУИ. Како што брифираа тогаш од владината прес-служба за МИА, средбата поминала во конструктивен дух, а во текот на месецов ќе се знае иднинатата за функционирањето на АА.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По синот на Фрчковски, уште еден член на СДСМ фатен со дрога?
Следна Статија Мицкоски подготвен да оди во Кочани и разговара со родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Градоначалникот Стевчо Јакимовски ѝ се извини на министерката Весна Јаневска што ја нарече „северџанка“

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, јавно ѝ се извини на министерката за образование Весна Јаневска затоа што вчера ја…

October 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Митева: Оперативниот план опфаќа и обуки за жени и млади до 29 години, во рок од 3 месеци со месечен надомест од 12.000 денари

Како што ветивме продолжуваме со серија прес-конференции коишто се посветени на Оперативниот план, затоа што цениме дека нашата држава не…

May 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Митева: Од 23 објекти со лиценца констатирано е дека 13 не исполнуваат минимум технички услови

На денешната прес-конференција за медиуми се обрати портпаролот на Владата на Република Македонија, Марија Митева со д-р Игор Мерџановски и…

March 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Партнерот на Дрин Ахмети во „Соравија“ и фирмата „Ѓока“ за паркингот во Клинички под истрага во Албанија

Специјалната антикорупциска структура (СПАК) во Тирана, која е една од најважните и најмоќните институции во Албанија, ја суспендираше од функцијата…

November 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?